Вести

Скенер каков што досега немало

Midjourney - компанијата за вештачка интелигенција која стана позната по генерирање слики од текстуални инструкции, својот оддел за медицински хардвер го промовираше со демонстрација на  функционален прототип на скенер за цело тело, различен од сè што некогаш постоело. Ве потопуваат во вода и после една минута сè е јасно за вашите органи, ткива, крвни садови, коски, мускули и распределба на масти.

Гугл предупредил луѓе за земјотресот во Венецуела

Милиони луѓе во Венецуела на своите андроид телефони добиле предупредување од Гугл непосредно пред да ги погоди катастрофалниот земјотрес во кој настрадаа стотици ако не и илјадници луѓе. Предупредувањето дошло само неколку секунди пред земјотресот. Можеби не секогаш доволно да се спаси жива глава но доволно за да се постави старото прашање: може ли технологијата да нè спаси?

Британци добиваат наредби да ги извадат климите од дома

Британија спроведува амбициозна и ригидна политика на нето нула емисии согласно која клима уредите се само за во крајна нужда, откако ќе се исцрпат сите други методи за „пасивно ладење.“ Замислете на топлово да ви дојдат дома инспектори од општина и да ви кажат дека не е убаво што ви работи климата. Колку бенефициран стаж треба да добијат преживеаните инспектори?

Речник

Крајот на трансатлантизмот

Актуелната криза меѓу Европа и САД означува крај на една ера. Без оглед на тоа кој ќе го наследи Доналд Трамп, никој нема да дојде во Европа и да каже „Америка се врати!“. Врските изградени врз специфични глобални карактеристики се прекинати. Со трансатлантизмот е завршено како идеологија, но тоа не значи дека Европа и САД по бурниот развод не можат да останат пријатели.

Мета сака да отвори кладилница за своите 3 милијарди корисници

Газдата на Мета сака да се вклучи во бизнисот на пазари за предвидување што им донесе многу пари на Полимаркет и Калши. Платформата „Арена“ на Марк Закерберг би била одвоена од Фејсбук и Инстаграм, но би ги опфатила нивните 3 милијарди корисници. Во почетокот ќе може да се кладат со „дигитални жетони“, со план потоа системот да се префрли на вистински пари.

Фудбалерите ги преминаа сите граници

Колку повеќе репрезентации настапуваат на Светските фудбалски првенства, толку помалку има фудбалери што се родени во земјата чиј дрес го носат. Помалите нации не можат без фудбалери од дијаспората. Само еден фудбалер на Курасао е роден во земјата. Интересен факт за оние што мислат дека Франција игра со „странци“: дури 54 фудбалери на Мундијалот се родени во Париз.

Британска измама со „слободата на печатот“ на Балканот

Милионски буџети и доверливи стратешки медиумски програми покажуваат како Британија настојува да го наметне своето влијание врз Западен Балкан. Протечени документи прегледани од RT Investigations откриваат сложена организациска структура за обликување на медиумските екосистеми и ширење пропаганда под знамето на слободата на печатот.

Американски и холандски пилоти го бранат Киев од руски ракети

Во Украина тајно е формирана ескадрила од нови ловци ф-16 во која се вклучени пилоти од САД и Холандија. Тие ги обучуваат своите украински колеги да ги користат напредните системи за извидување и лоцирање непријателски цели, но и имаат активна улога во одбраната на Киев од речиси секојдневните напади од руски ракети и беспилотни летала. 

Иницијатива за општо укинување на задолжителните вакцинирања во САД

Граѓанско здружение во САД бара да бидат укинати сите мерки што го нарушуваат правото на слободен медицински избор на пациентите, вклучувајќи ги и задолжителните вакцинирања и носењето заштитни маски. Сојузните држави сега имаат сопствени политики, кои често пати се судираат. Во некои веќе се предложени закони за заштита на правото на избор.

Калифорнија купува американски бензин преку Бахамите

Како последица на најстрогите еколошки регулативи во САД, Калифорнија е принудена да увезува дури и американски бензин. „Златната држава“ ги затвора своите рафинерии и нема мрежа од цевководи, па американското гориво патува илјадници милји со танкери, за да биде регистрирано како увоз од Бахамите, по многу повисока цена на бензинските пумпи.

Рубио ја испрати Европа по ѓаволите. Европа бара да ѝ го покаже патот

Европејците го мразеа говорот на Венс. Сепак, го сакаа говорот на Рубио. Разликата беше во тонот. Рубио ја заслади пораката: САД можеби ќе останат дел од НАТО, но Европа ќе остане сама. Наместо да ја прифатат новата реалност, Европејците се убедени дека ќе се вратат на старо. Трамп без сомнение ќе го нема за три години. Но, неговата безбедносна доктрина ќе опстои.

Разјаснета врската помеѓу вакцините и згрутчувањето на крвта

Меѓународен тим истражувачи открил зошто вакцините против ковид базирани на аденовирус придонесуваат за згрутчување на крвта. Компонентата со аденовирус во вакцината го збунува имунолошкиот систем и го тера да ги напаѓа тромбоцитите кои содржат сличен протеин. Тоа се случува ретко, но може да има и фатални последици.

Холандија ќе ја полни касата со данок на нереализирана добивка

Холандските власти најдоа суптилен начин како да им грабаат пари на граѓаните за да ја полнат празната државна каса. Пратениците го одобрија контроверзниот закон за данок од 36% за нереализирани капитални добивки од заштеди и дигитални средства што оствариле приноси, дури и ако сопствениците не ги продале и реално не оствариле добивка. 

Шпанија ги легализираше мигрантите, сега ѝ ги префрла на Европа

Масовната амнестија за половина милион нелегални мигранти што ја објави премиерот Санчез одекна како повик за нова инвазија врз брегот на Шпанија. Иако не се опфатени со условите, новодојдените мигранти се убедени дека кога-тогаш ќе бидат легализирани. Мадрид сега бара од европските партнери да преземат дел од товарот.

Хилари конечно признава: Миграцијата ги премина границите

Хилари Клинтон ја разбранува Минхенската безбедносна конференција откако го сврте наопаку својот став за миграцијата. Кога му беше противник на Доналд Трамп остро ги напаѓаше неговите политики за изградба на ѕидови. Сега признава дека политиката за отворени граници отишла предалеку и дека ги дестабилизира земјите што примаат мигранти.

Наместо знаење и мудрост, во мозоците ни се таложи микропластика

Микро фрагменти од пластика, познати како микропластика, се откриени во сè - во воздух, во вода, во храна. А краток е патот до нас. Студија на 52 донирани човечки мозоци потврди дека оваа микропластика може да ја премине крвно-мозочната бариера и да се акумулира во длабоките региони на мозокот. Најмногу ја имало во мозoци на луѓе кои страдале од деменција. 

Американската економија се потпира на измама и фалсификувани пари

Поранешниот пратеник од Тексас, Рон Пол, порача дека американскиот економски поредок се темели на „измама“ вкоренета  во 1971 година кога државата реши да се откаже од поврзаноста на валутата со поддршката во злато. Американскиот политички ветеран кој наполни 90 години проценува дека сегашниот систем се ближи кон својот крај но сепак верува дека политиката може да се поврзе со моралот. 

Франција им се враќа на нуклеарните реактори

Франција се реши да ги намали своите цели за изградба на ветерници и сончеви електрани и да гради нови нуклеарни реактори, наместо да затвора активни. Иако Макрон првично беше против нуклеарните реактори, сега вели дека тие се клучни за стабилноста на енергетската мрежа и дека ќе го намалат ризикот од голем курцшлус, како оној лани во Шпанија.

Цензорите го кастрираа Витрувиевиот човек

Пет века никому не му пречела голотијата на Витрувиевиот човек кој ги отцртува идеалните пропорции на човековото тело. Телевизиските цензори сега со еден потег на дигитална гумичка го масакрираа ова светско културно наследство - му ги избришаа гениталиите „за да не се навредат гледачите“. Не е битно што така го навредуваат целиот цивилизиран свет.

САД: 38 милијарди за пренамена на магацини во мигрантски центри

Администрацијата на Трамп ќе потроши близу 40 милијарди долари за да купи големи магацини и да ги пренамени во центри за притвор на десетици илјади имигранти пред да бидат протерани од САД. Проширувањето на капацитетите на 92.600 кревети најавува засилување на операциите на Службата за имиграција за приведувања на лица со нелегален престој.

Форензичар бара нова истрага за смртта на Епстин

Доктор што присуствувал на обдукцијата на телото на Џефри Епстин повика на нова истрага за да се утврди вистинската причина за смртта на осудениот педофил во затвор во 2019 година. Докторот уште тогаш проценил дека достапните докази укажуваат на смрт од давење, а не на самоубиство со бесење, но тоа било исфрлено од официјалниот извештај.

ЕУ е на крстопат: Федерализација или распад?

Додека Европската Унија е распната помеѓу иницијативите за федерализација и ризикот од распаѓање, нејзините лидери не се охрабруваат да изберат ниту една насока и пропаѓаат во јазот, предупредува Јанис Варуфакис. Главниот проблем на ЕУ, според него, е што ги федерализирала парите во монолитна Централна банка, без да се федерализира самата.

Французите ќе ја спасат планетата ако постат без месо?

Француската влада ги повикува граѓаните повеќе да јадат помфрит отколку месо. Во нова национална стратегија им објаснува дека со постењето ќе бидат поздрави, а во исто време ќе ја спасат планетата од штетните гасови од прехранбената индустрија. Успешноста на стратегијата на Париз најмногу ќе зависи од тоа како земјоделците ќе ги „сварат“ овие препораки.

Мерц до Германците: Мрзи сте, угледајте се на Грците

Канцеларот Мерц ја префрла одговорноста за економскиот пад на Германија врз работниците. Биле мрзи, работеле со скратено работно време и земале многу боледувања. Но, пораката да се угледаат на Грците не само што е навреда за традиционално трудољубивите и продуктивни Германци, туку може да биде ризичен политички потег спроти регионалните избори.

Повици во Европа за „полиции за имигранти“

Десничарски партии и политичари во Германија, Белгија и Франција повикуваат на формирање специјални полициски единици што би се фокусирале на проблемот со нелегалната миграција. Во обид да ги запрат овие иницијативи пред да пуштат корен, либералите ги изедначуваат со американската служба за миграција, чии агенти неодамна убија две лица.

Маск: Америка ќе банкротира 1.000%

Милијардерот Илон Маск предупредува дека САД со ова темпо на трошење нема да можат да го отплатат својот астрономски долг. Единствениот спас од сигурен банкрот им е да го зголемат својот БДП со поагресивно прифаќање на вештачката интелигенција и роботите. Како порачано за новата армија роботи кон која се пренасочува неговата компанија Тесла.

За мистеријата околу „лицето со пиштолот“

Десетте жртви во масовно пукање во училиште во Канада беше голема вест, меѓу другото и затоа што за разлика од нивните комшии, во таа земја во овој век досега се нема случено масовно убиство во школи. Но уште на почетокот случајов беше чуден заради воочливото избегнување да се проговори за идентитетот на убиецот. Полицијата претпазливо го нарекуваше „лицето со пиштолот“ а медиуми пишуваа „за жена во фустан“. Ама, сè што носи фустан не е жена.      

На Швајцарија ѝ се доста 10 милиони жители

Швајцарците во јуни на референдум ќе се определат дали да го ограничат бројот на жители на 10 милиони до 2050 година. Причините за иницијативата се јасни. За една година преку отворените граници со ЕУ пристигнале 180.000 мигранти, кои ја преоптоваруваат инфраструктурата и го загрозуваат идентитетот. Дури 40% од Швајцарците денес се со потекло од други земји.

САД не ја одобрија новата мРНК вакцина против грип

Администрацијата за храна и лекови одби да ја разгледа понудата на Модерна за нова експерименталната вакцина против грип со мРНК технологија затоа што немало соодветно и добро контролирано испитување. Ретко се случува ФДА да одбие апликација, но министерот Кенеди нареди да се применуваат построги критериуми.

Фајловите на Епстин ѝ ги разбија илузиите на Норвешка за самата себе

Нафтеното богатство на Норвешка ѝ помогна да го изгради својот бренд на глобална хуманитарна и дипломатска сила, пример за просперитетна држава во која се почитуваат законите и во која нема корупција. Објавените документи за Џефри Епстин го разбија сето ова и ја симнаа маската зад која норвешката елита криела лаги, мито и корупција.