Британските ветерници лани ги зголемиле емисиите на ЦО2

Наспроти иницијативата на министерот Ед Милибанд за декарбонизација на индустријата, британските енергетски централи лани испуштиле поголеми емисии на јаглероден диоксид во споредба со претходната година. Масовно се инсталираат ветерници, но централите што трошат гас мора да се вклучат и кога нема ич ветер и кога го има премногу.

Емисиите на стакленички гасови ослободени од производителите на електрична енергија во Британија се зголемиле за 2,8% во 2025 година, според нов извештај на аналитичката куќа Монтел. Тоа било и покрај затворањето на последната централа на јаглен и поврзувањето на нови фарми со ветерни турбини и фотоволтаички сензори во енергетската мрежа.

Енергијата произведена од извори што емитуваат јаглерод се зголеми за 5,7% во 2025 година во споредба со 2024 година и покрај целосното отстранување на јагленот од енергетскиот микс во септември 2024 година. Ова доведе до зголемување од 2,8% на емисиите на јаглерод од производството на електрична енергија во Британија во споредба со 2024 година, објави Монтел.

Причина за зголемените емисии, според Монтел, се тесните грла во електричниот систем на Британија, што доведува до исклучување на турбините кога мрежата е преоптоварена за да ја прифати струјата генерирана од обновливи извори на енергија.

Во такви ситуации ветерните централи мора да бидат исклучени, а изгубениот производствен капацитет потоа мора да се замени со струја од електрани на гас, што доведува до дополнителни емисии.

Централите на гас, исто така, мора да се вклучат и во спротивна ситуација, кога производството од ветер и сончева енергија нагло опаѓа, обично ноќе и во облачни денови.

Зголемените емисии се одраз на континуираното потпирање на производството на гас за да се обезбеди флексибилност и безбедност на снабдувањето, особено во периоди на ниско производство од обновливи извори или голема побарувачка, се наведува во извештајот.

Исклучувањето на ветерниците создава и дополнителни трошоци за системот, кои на крајот се одразуваат на сметките за струја на домовите и бизнисите. Кога дистрибуцијата бара од ветерните турбини се бара да се исклучат, нивните сопственици можат да бараат надомест на штетата. Националниот оператор на енергетскиот систем, исто така, им плаќа премии на електраните на гас за да се вклучат во погон по потреба. Овие обврски лани ги зголемиле сметките за струја за вкупно 1,5 милијарди фунти.

Отфрлајќи ги податоците од Монтел, Министерството за енергетика се повикува на сопствено истражување, според кое емисиите на јаглеродни гасови од производството на струја во Британија се намалило за 1% откако во септември 2024 година беше затворена последната централа на јаглен.

Пресметките на Владата се оспорени бидејќи Британија добива 13% од својата електрична енергија од Европа преку подморски интерконектори, кои делумно се напојувани од електрани на гас во странство. Британија ја класифицира целата увезена електрична енергија како „чиста“, дури и ако е произведена од електрани на гас, бидејќи емисиите се испуштаат надвор од границите на земјата.

11 мај 2026 - 10:59