Палантир го добил пристапот до чувствителните податоци согласно договорот од 330 милиони фунти склучен во 2023 година за конструирање платформа со вештачка интелигенција, која би ги интегрирала сите здравствени картони и податоци од Националната служба за здравство на Англија (NHS).
Службата се согласила да создаде администраторска привилегија на надворешен персонал со неограничени овластувања за пристап до интегрираната база, заедно со лични информации за пациентите, се наведува во внатрешна белешка на NHS.
Покрај Палантир, администраторски привилегии добиле и други консултантски фирми ангажирани за проектот.
Тоа е грубо отстапување од вообичаената практика, која им налага на сите лица вклучени во проектот да поднесуваат барања за пристап до специфичен сет податоци. Надворешните соработници побарале највисок безбедносен сертификат бидејќи „им било премногу незгодно да аплицираат за секоја поединечна дозвола“.

Наместо пред склучувањето на договорот, податоците за пациентите биле анонимизирани дури потоа.
Постои ризик од губење на јавната доверба кога станува збор за заштита на податоците на пациентите и обезбедување соодветна употреба и пристап до нив, забележала внатрешната истрага.
Вклучувањето на Палантир во интегрирањето на податоците од здравствениот систем е контроверзна и поради ангажманите на американската компанија во слични проекти за Пентагон и за службите што ги спроведуваат имиграциските закони. Основачот и директор Алекс Карп отворено го поддржува претседателот Доналд Трамп.
Проектот на Палантир во Англија опфаќа интеграција на оперативните податоци, како термините за прегледи и распоредот на операциските сали, со цел да се намали времето на чекање на пациентите. Компанијата тврди дека чувствителните податоци се безбедни од злоупотреба.
Софтверот на Палантир може да се користи само за прецизно обработување на податоци во согласност со упатствата на клиентот. Користењето на податоците за било што друго не само што би било нелегално, туку и технички невозможно поради деталните контроли на пристап што ги надгледува NHS, објави компанијата.
******
Види и: Варуфакис ги објаснува вистинските цели на Палантир