Зеленски: Корупција, кокаин и лакомост

„Зборувавме со поранешната прес секретарка на украинскиот претседател Владимир Зеленски. Она што го слушнав е шокантно“, вели највлијателниот американски подкастер Такер Карлсон за разговорот со Јулија Мендел која открива инсајдерски информации за тоа што се случува зад сцената на омилениот диктатор на Западот.

Jулија Мендел му била прес-секретарка на претседателот Зеленски помеѓу 2019 и 2021 година. Таа тврди дека претседателот ја изгубил поддршката од украинскиот народ, што е главната причина зошто со години не се распишани избори. Зеленски се претставува како „единствениот што може да ја води нацијата до победа“ во војната, но верува дека тој е една од најголемите пречки за да се постигне мир.

Тој не е каков што го гледате на камера. Постојано менува маски. Често е хистеричен и мисли дека секој човек е за еднократна употреба. Тој е неверојатно одличен актер и тоа ни донесе многу поддршка во 2022 година. Но, неговата глума нема никаква суштина и сè што кажува е одвоено од реалноста. Поголемиот дел од работите што ги кажува или се манипулација или се факти извадени од контекст или се чиста лага, тврди Мендел.

Како пример ја издвои средбата на Зеленски со Владимир Путин во 2019 година во Париз, на која лично присуствувала. Зеленски тогаш му ветил на Путин дека Украина никогаш нема да се приклучи на НАТО.

Имаше многу малку луѓе кои знаеја што ветил. Тој рече не за НАТО затоа што Украина никогаш не била блиску до НАТО. Прво треба да има пазарна економија и да спроведе реформи, не само затоа што Трамп или Бајден не ја сакаат Украина во НАТО. Едноставно затоа што не сме подготвени. Нема консензус да бидеме во НАТО. Тоа е имагинација. Тоа се лаги. И тој потоа се држеше до пристапување во НАТО знаејќи дека е невозможно. Туркаше невозможна агенда и ја направи услов за мир... Користи невозможни работи за да ја оправда сопствената агенда и всушност да го создаде својот имиџ на херој, раскажува Мандел.

Таа смета дека мировниот договор е единствениот начин за Украина да преживее, затоа што ѝ останале премалку луѓе и е на работ на истребување.

Украина официјално е земја со 40-42 милиони луѓе, според последниот попис во 2000 или 2001 година. Владини претставници, вклучувајќи го и Зеленски, кажуваа бројки од 34-37 милиони Украинци во земјата. Сега има над 10 милиони бегалци, некои на запад, некои на окупираните територии, некои се во Русија. Можеби останаа околу 25 милиони, а најлошото е што 11 милиони од нив се пензионери. Има и деца, не знам точно колку, но би било добро ако останале 10 милиони работоспособни луѓе, вели Мандел.

За богатството на Зеленски, таа истакна дека првите големи пари ги заработил во Русија. Милиони долари за руски пропагандни канали.

Кога Русија ја изврши првата инвазија врз Донбас и Крим, тој беше во Русија. Го завршуваше својот филм за кој заработи многу пари и дури и го призна тоа во 2019 година. Тој имал имоти на Крим, одгледувал марихана, уживал со неговите пријатели. Тој беше на одмор на Крим додека беше контролиран од Русија.

Мендел сепак признава дека лично не го видела Зеленски да користи дрога.

Ова е јавна тајна. Запознав многу луѓе кои потврдија дека го виделе како зема дрога во клубови. Сите овие луѓе зборуваа за кокаин. Не сум го видела тоа... Уште нешто, секогаш кога се подготвувавме за интервју, кога објаснував кој е новинарот и што треба да каже, не сакаше да ги чита белешките и поминуваше по околу 15 минути во тоалет. Секогаш бев изненадена кога излегува како друга личност, вели Мандел.

Како една од најшокантните епизоди во службата, таа го опишува состанокот на кој претседателот го обвинил тимот за комуникации дека е одговорен за падот на рејтингот, затоа што не ширел доволно позитивни вести.

 Нѐ погледна и со многу иритиран тон ни рече: „Ми треба пропаганда како од Гебелс, ако сакате. Ми требаат илјадници говорници за пропагандата на Гебелс“.

Коментирајќи ги обвинувањата за корупција на државниот врв, таа ја спомна средбата на Зеленски со кандидат за министер кој побарал плата од 5.000 долари, пет пати повисока од законската основа. 

Кога човекот влезе во собата, тука беа претседателот Зеленски, советникот Јермак и уште едно лице. На масата имаше вреќа со долари и Зеленски му кажа: „Не можам да ви дадам 5.000 долари официјална плата, но ќе ви давам 5.000 долари темни пари секој месец. Значи, ќе можете да ја добивате вашата плата, но тоа нема да биде официјално“. Што значи дека ако Зеленски го знае тоа, тоа не е корупција, вели поранешната прес-секретарка на претседателот.

Таа спомна и друга епизода со министер кој му се пожалил на претседателот дека блиски луѓе до него земале висок процент од владини програми. Зеленски се насмевнал и коментирал: „Браво момци“.

Мандел тврди дека Зеленски е спремен на елиминирање на политичките противници за да ја задржи функцијата и моќта. Во 2024 година, кога Доналд Трамп дојде на власт, еден пратеник напишал на  Телеграм: „Зеленски, сега треба да ја запреш оваа војна. Ќе ги изгубиш изборите, но запри ја оваа војна“. И тој завршил во затвор под обвинение за предавство.

Безбедносните служби и рекоа дека тој никогаш не разговарал со Русија од 2021 година. Нема врска, обвинет е за предавство. Има многу луѓе кои се прогонувани. За секој што го критикува Зеленски се вели дека е проруски, за Русија или за Кремљ. Ти си за Кремљ. И јас ќе бидам „за Кремљ“ по ова интервју, вели Мандел.

Како форма на политичка казна, претседателот често пати го користел испраќањето на фронт. Самиот кажувал: „Ако некој направи нешто лошо, треба да го испратиме на фронтот“.

Слушајте, ризикувам сè. Не можам да се вратам во Украина по ова интервју, изјави поранешната прес-секретарка на Зеленски во разговорот со Такер Карлсон.

 

12 мај 2026 - 15:29