Америка е матирана во Иран

„Ако ова не е шах-мат, тогаш сме многу блиску до тоа. Според последните  извештаи, Трамп побарал од американската разузнавачка заедница да ги процени последиците од сценарио во кое тој едноставно прогласува победа и се повлекува. Тешко е да му замераш за тоа,“ пишува човек од влијателниот институ Брукингс. Ако Трамп се реши да чека режимот во Иран да падне, може да се случи попрво тој да падне.

Тешко е да се сетиме кога САД имаат претрпено целосен пораз во еден конфликт - стратешки пораз кој не може ниту да се поправи ниту да се игнорира.

Катастрофалните загуби во Перл Харбор, на Филипините и на западниот Пацифик во првите месеци од Втората светска војна, на крајот беа свртени во корист на Америка. Поразите во Виетнам и Авганистан беа скапи, но не ја оштетија трајно позицијата на Америка во светот бидејќи се водеа далеку од главните сцени на глобалното ривалство. Дури и почетниот колапс во Ирак беше ублажен со промена на стратегијата.

Поразот во сегашниот конфликт со Иран ќе биде од многу поинаква природа. Не може ниту да се поправи ниту да се игнорира. Нема враќање на претходниот статус кво, ниту ќе има конечен американски триумф што би можел да ја поправи направената штета. Ормускиот теснец повеќе нема да биде „отворен“ како што беше некогаш. Со контролирањето на теснецот, Иран се појавува како клучен регионален актер и еден од најважните играчи на светската сцена. Улогата на Кина и Русија, како сојузници на Иран, со тоа се зајакнува, додека влијанието на САД е значително еродирано. Наместо да се демонстрира американската моќ - како што мислеа поддржувачите на војната - овој конфликт ја разоткри Америка како несигурна сила, неспособна да го заврши она што го започнала. Ова ќе предизвика верижна реакција низ целата планета, бидејќи и пријателите и непријателите ќе ги прилагодат своите постапки на новиот контекст на американскиот неуспех“, пишува Роберт Крејган од Институтот Брукингс.

Америка и Израел 37 дена разорно маваа по Иран, елиминирајќи голем дел од високите функционери во земјата и уништувајќи поголем дел од нејзината војска, па сепак не успеаја да го соборат режимот или да изнудат дури и најмала отстапка.

Сега администрацијата на Трамп се надева дека со блокадата на иранските пристаништа ќе го постигне она што не успеа со воена сила. Можно е, но малку е веројатно дека режим кој не е фрлен на колена од пет недели немилосрдни воени напади ќе попушти само пред економскиот притисок. Ниту пак се плаши од гневот на сопствениот народ. Како што неодамна забележа Сузан Малони, експерт за Иран: „Режим кој ги масакрираше сопствените граѓани во јануари за да ги смири протестите е целосно подготвен да им наметне економски маки“.

Некои воени хушкачи повикуваат на нови напади но не успеваат да објаснат како нова рунда бомбардирања ќе го постигнат она што не беше направено за 37 дена.  Трамп не ги запре нападите врз Иран од досада, туку затоа што Иран почна да напаѓа витални нафтени и гасни постројки во регионот.

Дури и ако Трамп ја спроведе својата закана за уништување на иранската „цивилизација“, Техеран ќе може да лансира десетици ракети и беспилотни летала пред режимот да падне (ако падне). Само неколку успешни удари би можеле да ја осакатат нафтената и гасната инфраструктура во регионот со години, па дури и децении, туркајќи го целиот свет, вклучително и САД, во продолжена економска криза.

„Ако ова не е шах-мат, тогаш сме многу блиску. Според последните  извештаи, Трамп побарал од американската разузнавачка заедница да ги процени последиците од сценарио во кое тој едноставно прогласува победа и се повлекува. Тешко е да му замераш за тоа“, пишува Крејган.

Надежта дека режимот ќе се сруши тешко дека е стратегија, особено кога истиот тој режим веќе поминал низ воена и економска тортура. Може да падне утре, за шест месеци, или никогаш. Трамп нема толку време да чека додека цените на нафтата спирално се движат кон 150 или дури 200 долари за барел, инфлацијата расте, а се наѕира глобален недостиг на храна и други стоки.

Му треба побрзо решение.

12 мај 2026 - 10:40