Вести

Шпанија ги еутаназира силуваните

„Системот потфрли“ е џокер кој кај нас папагалски го повторуваат површни новинари, самонаречени аналитичари и самобендисани политичари, како адамов лист со кој се покриваат секакви гадости што се случуваат овде, од кочанската трагедија до трагедиите на оние кутри девојки кои загинаа во последно време. За разлика од кај нас, во развиени земји системот главно функционира. Само што чувството на гадење не секогаш е помало.   

Варуфакис: Прва задача е да се запре својата банда

Јанис Варуфакис пишува дека тоа што е и против режимот во Иран и против бомбардирањето на Иран не е седење на две столчиња. Теократскиот режим во Техеран е брутален ама е резултат на  70 години западна ароганција и агресија. Кога се осудуваат две страни во една беља, поштено е прво да се осудат „своите“, оние кои ти ги плаќаш. Жените во Иран сигурно нема да бидат ослободени од бомбите што  им паѓаат врз глава. 

Победник во војната на Америка против Иран е - Русија

Војната со Иран ѝ даде на руската економија неочекуван финансиски адреналин. Високите цени на нафтата ги полнат касите на Кремљ, помагајќи да се затвори дупката во федералниот буџет и да се одржи военото темпо во Украина. Февруари за Русија беше бандаж со приходи од нафта (30 проценти помалку од претходната година). За среќа по Кремљ, Трамп реши тоа што реши.

Речник

Трамп: Го преценувате Обама, јас сум попаметен

Паметен човек не зборува дека е паметен, исто како што силен човек не се фали дека е силен или пак богат човек дека е богат. Ама има и поинакви, како Доналд Трамп на пример. Полагал тест за утврдување на когнитивната кондиција и одушевен е како го поминал тестот. Ако немало кој да му пише петка на рачето (а имало), сам би си ја пишал. 

Берзански манипулации во војна се национално предавство

Се уште нема истрага за сомнителните тргувања со нафта во минутите пред ненадејната изјава на Трамп дека се преговара со Иран. Таа информација не ја знаел никој освен луѓето од најтесниот круг околу Трамп. За нобеловецот Пол Кругман, ова не се обично инсајдерско профитирање, кое е казниво со закон. Тргувањето со најстрого доверливи информации е национално предавство.

Три милиони години немало врска помеѓу CO2 и глобалната температура

Анализа на прастари ледени јадра на Антарктикот ги разбиваат теориите што послужија како основа за иницијативата за нето-нула емисии на стакленички гасови. Концентрациите на метан и на јаглерод диоксид во атмосферата останале речиси непроменети 3 милиони години - време во кое Земјата поминала низ Леденото доба и трпела големи температурни шокови. 

Брисел олеснува депортации на мигранти во центри надвор од ЕУ

Европската Унија реши да ја заостри својата политика кон мигрантите, која САД пред неколку дена ја оценија како „закана за европската цивилизација“. Новите мерки предвидуваат построги критериуми за азил и отвораат можност за отворање центри надвор од границите на ЕУ за обработка на барањата за азил и за депортации по итна постапка.

Мерц има пуштено 5.000 тужби за навреда

Германскиот канцелар и претседател на ЦДУ, Фридрих Мерц, во својата поранешна улога како лидер на опозицијата, има поднесено илјадници кривични пријави за наводни навреди. Лично  ги има потпишано до серискиот број 4.999. Се фалеше дека сите пари од добиените случаи ги донира, само што, во тужењето користел фирма која зема 50 проценти од она што ќе успее да го наплати.

Украински пратеници бараат ослободување на политичките затвореници

Неодамна во украинскиот парламент се формираше интер-политичка група „Ние сме за мир“ кои тврдат дека наспроти огромната воља на Украинците за ставање крај на војната, мировните напори се саботирани од Зеленски и воено-индустрискиот комплекс. Двајца од нив им пишаа на луѓето за преговори на Трамп. Тврдат дека Украина држи 30.000 политички затвореници, повеќе од Русија и Белорусија, заедно.

Берлинската полиција доби дозвола за тотален надзор

Иако Уставот на Германија гарантира неповредливост на домот, полицијата во Берлин доби овластувања тајно да провалува во домови, да спроведува ненадејни претреси и да ги шпионира дигиталните комуникации на граѓаните. Вакви мерки се предвидени за спречување терористички напади, но со проширено толкување се спроведува за ситни престапи како измами со обложување.

ЕУ објави препораки за спречување пандемија на птичји грип

Иако ризикот од префрлање на вирусот на птичји грип врз луѓе се смета за „многу мал“, европските земји добија препораки да се подготват за итни и радикални мерки за да спречат нова пандемија. Болниците треба да го зголемат капацитетот и да издвојат одделенија за карантин, а граничните власти да се подготват да скенираат патници што доаѓаат од критични земји.

Политиката на ЕУ за мигрантите ќе ја збрише европската цивилизација

Администрацијата на Доналд Трамп ја обвинува ЕУ дека со својата миграциска политика ќе предизвика неизбежно целосно културно распаѓање во Европа. Во новата Стратегија за национална безбедност на САД се забележува дека економските проблеми на Европа се ситни во однос на реалната перспектива за цивилизациско уништување во следните неколку децении.

Секој четврти невработен Американец е со диплома

Променливата економија и прифаќањето на вештачката интелигенција во САД го стесни пазарот на трудот за високо образувана работна сила. Една четвртина од невработените се со факултетска диплома и тешко може да ги отплатат студентските кредити. Поучени од нивното искуство, помладите сè почесто избегнуваат колеџ и учат занаети, со кои полесно се наоѓа работа.

Зелениот појас во кинеските пустини му донел дожд на Тибет

Напорите на Кина да ги забави опустошувањето на земјиштето и климатските промени преку садење дрвја и обновување на тревниците ги поместија водите низ земјата на огромни, непредвидени начини, покажува ново истражување. Новите зелени површини на северот го зголемиле испарувањето, а водата се враќа со зголемени дождови на Тибет.

Како Белгија стана главниот адут на Русија

Лидерите на ЕУ во октомври планираа да го пречекаат Зеленски со заем од 140 милијарди евра од руски средства замрзнати во белгиска банка, за да може Украина да војува барем уште две години. Веќе се расправале како да се трошат парите. Но плановите ги прекина премиерот на малата Белгија, кој сè уште се спротивставува на таканаречениот „заем за репарации“.

Нема американски визи за факт-чекери

Стејт департментот им наложи на своите вработени да ги отфрлаат барањата за виза од луѓе кои работеле на проверка на факти, модерирање на содржината или други активности што администрацијата на Трамп ги смета за цензура на Американците. Конзуларните работници ќе треба детално да проверуваат CV-a, барајќи ги оние кои беа горди што учествуваа во „заштита на интернетот“.

Европската храна од житарки е полна со вечни хемикалии

Лебот, печивата, тестенините и житарките што Европејците вообичаено ги јадат за појадок, се затруени со токсична вечна хемикалија TFA, која не е регулирана од Европската Унија, покажува нова студија на Мрежата за акција против пестициди. Отровната TFA ја има во храната насекаде низ Европа, а најмногу во производите од пченица, која најчесто се прска со пестициди.

Американските коли ќе трошат и ќе чадат повеќе

Трамп им дозволи на американските компании да произведуваат коли и камиони што трошат повеќе гориво и испуштаат повеќе издувни гасови. Ги укина строгите ограничувања што ги наметнаа администрациите на Џо Бајден и претходно Барак Обама, кои во своите зелени агенди им даваа приоритет на новата генерација електрични возила.

Европејците се исплашени за својата иднина

Европејците се вознемирени, длабоко свесни за своите слабости и ранливости и немаат позитивни очекувања. Континентот врие од внатрешни тензии и поделби за речиси сите отворени прашања - заканата од тероризам, миграцијата, недовербата кон елитите и технократите, зголемените трошоци на државите, дури и за прифаќањето на новите технологии.

Украина го разнесе Северен Tек со поддршка од Бајден

Новата потерница објавена во Германија го поврзува украинското раководство, но и поранешниот американски претседател Џо Бајден со саботажата на цевководите на Северен Тек на дното на Балтичко Море во 2022 година. Операцијата ја наредил генералот Валериј Залужни, а Вашингтон, кој веројатно бил добро информиран, итно ја префрли одговорноста врз Русија.

Европската енергетска транзиција ја уништи економијата

Можете да имате евтина и сигурна електрична енергија на која ќе го темелите економскиот раст и просперитет, или можете да имате мрежа поддржана од ветер и сончева енергија. Европа го избра второто. Тоа што ги сруши сите мостови кон евтината руска конвенвионална енергија и попат дозволи во водух да биде дигнат и по некој подводен цевковод, не се покажа баш како најпаметен потег. 

Насмевнете се, ве снимаат низ цела Британија

Додека ние се привикнуваме на соживот со камерите што снимаат сообраќајни прекршоци, британските власти сакаат да го прошират системот за препознавање лица на 45 милиони граѓани. Камерите инсталирани во центарот на Лондон ѝ помогнале на полицијата да уапси 1.300 лица. Активисти предупредуваат: „Секој Британец ќе бидат третиран како осомничено лице“.

Секојa 20-та смрт во Канада е од еутаназија

Смртта со инјекција асистирана од лекар, заведена како Медицинска помош при умирање (MAiD), сега сочинува над 5% од сите смртни случаи во Канада. Овие случаи се губат во статистиките, бидејќи здравствените власти не ги пријавуваат како еутаназија, туку како причина за смрт ја наведуваат тешката болест на лицата што решиле да се простат со животот.

Нова себична мода на богатите: клонирање миленичиња

Како израз на „неизмерна љубов“ кон своите миленичиња, прифатени како дел од семејството, естрадни и спортски ѕвезди во Америка не жалат пари за да ги клонираат. Освен што овој процес е грд, етички спорен и скап, процедурата опфаќа болки и малтретирање на животните, а плодовите, ако воопшто преживеат, обично не се идентични копии на оригиналите.

Телефоните и лаптопите ќе поскапуваат

Идните мобилни телефони сигурно ќе поскапуваат. Виновна е вештачката интелигенција која има предност во набавката на напредни чипови, мемории и ССД-а, поради што потрошувачката електроника која ги користи истите елементи останува во втор план. Вештачката интелигенција уште сега го гуши ланецот на набавка.  

ФДА нема да ја одобри новата мРНК вакцина за грип

Американската Админстрација за храна и лекови најави дека нема да ја одобри новата експериментална вакцина за грип со мРНК технологија, иако производителот Фајзер тврди дека е поефикасна од стандардната. Комесарот за безбедност на лековите забележа дека истражувањата не покажале никакво подобрување кај возрасните лица, кои најчесто се вакцинираат.

Англичаните со коли на струја ќе плаќаат акциза од километар

За да ја пополни буџетската дупка поради напуштањето на колите на бензин и дизел, Британија најави нова акциза што за 200-300 фунти годишно ќе ги оптовари сопствениците на коли на струја. На оние што ги полнат колите во гаража на евтина струја патувањето ќе им остане поевтино, но ако ги полнат батериите на јавни станици, ќе плаќаат повеќе отколку да возат бензинци.

Шведски банди собрале стотици милиони од лажни боледувања

Илјадници измамници во Шведска со години црпат средства од системот за социјални бенефиции и ги префрлаат кон криминалните групи, овозможувајќи им сигурен и легален извор на финансирање. Со лажни боледувања и помош за невработеност собрале стотици милиони евра. А, плус добиваат и семеен додаток, зашто бандитите официјално немаат легални приходи.

Зошто корупцискиот скандал е катастрофален за Зеленски

Зеленски ќе го опреживее огромниот корупциски скандал во кој падна неговиот шеф на кабинет и главен преговарач Андреј Јермак, но проблемот не можеше да дојде во полошо време. Украинскиот претседател го изгуби поголемиот дел од својот топ тим а наскоро би можел да ја изгуби довербата на своите европски поддржувачи. Зошто би давале пари ако тие завршуваат во нечии џебови?

Технолошките филантропи му биле „корисни идиоти“ на Клаус Шваб

Глобалистичкиот филантропско-политички комплекс никогаш не се залагал за помош на заедниците, туку за зголемување на влијанието на мала група моќници што управуваат од сенка, тврди поранешната сопруга на основачот на Гугл. Во таа шема, елитата од Силициумската долина била искористена како „корисни идиоти“ за финансирање на глобални идеолошки проекти.