Вести

ЕУ крева антидемократски штит

Битката за слободата на говорот во Европа веќе не се однесува само на тоа што на луѓето законски им е дозволено да го кажат. Сега станува збор за нешто пошироко: кој одлучува што може да видат, кому треба да му веруваат и кои идеи се класифицирани како ризици, сето тоа сервирано како „борба против дезинформациите“.

И роботот од главата си пати

Тесла сериозно ги зголеми капацитетите за производство на роботот Оптимус но во меѓувреме сфати дека обемот не е главниот проблем. Роботот знае да беспрекорно да извршува комплицирани задачи за кои имал обука но паѓа на базични, генерални задачи. Ќе му кажеш да ти донесе пиво од фрижидер, тој ќе ти донесе Газоза.    

Кремљ ги натера компаниите самите да се бранат од украински дронови

Кремљ ги притисна руските компании самите да придонесат за сопствената одбрана од украински дронови. Оние што ќе изнајмат противвоздушни системи од војската ќе бидат ослободени од даноци. Оние што ќе одбијат може да бидат преземени од државата. На приватните стражари околу критичните објекти им се нудат високи плати и гаранции дека нема да бидат мобилизирани.

Речник

Израел знае да биде и маќеа

Израелското државјанство, како еден од столбовите на ционистичкиот проект, никогаш досега не им било одземено на Евреи. Нетанјаху сега бара да им биде одземено на авторите на шокантниот документарец „NAZA“ во кој се прикажани израелски злосторства во Газа. Режисерите стануваат „непријатели на еврејскиот народ“ и се третираат како „егзистенцијална закана“ за државата.

САД си заминаа од Ирак, Курдите нека се снаоѓаат со хаосот

Речиси две и пол децении по воената инвазија во која го соборија Садам Хусеин, американските сили целосно се повлекоа од Ирак. Овојпат, се чини, засекогаш. На Курдите, своите најцврсти сојузници во регионот, не само што не им обезбедија заштита, туку и ги изложија на нова закана од иранските милиции, кои одбиваат да се разоружат и ги засилуваат нападите.

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Бразил силно тргна во тоталитаризам

Светот направи огромен скок кон тоталитаризам, откако бразилските власти го блокираа Икс, порано Твитер, со закани дека граѓаните ќе се казнуваат со 8.900 долари дневно доколку го користат. Тоа е шестата нација во светот по население и 12-та економија и им се приклучи на Северна Кореја, Кина и Иран во списокот на земји што го забранија Икс. „Мора да возвратиме,“ вели Мајкл Шаленбергер.

Корупцијата нагалено наречена лобирање

Во САД, компании, синдикати, трговски здруженија и други организации секоја година инвестираат милијарди долари за да лобираат во Конгресот и федералните агенции. Во 2023 година, над 12.000 различни лобисти во Америка потрошиле рекордни пари.

ЕУ членките увезуваат повеќе гас од Русија отколку од САД

Изминативе две години Путин и руската држава успеваат да ја прошират својата позиција како снабдувач со енергија на Европа, па сега Унијата увезува многу повеќе гас од соседна Русија, отколку да го тегне со бродови од САД.

Милијардерот што ќе укинува и пауза за кафе

Првиот човек на австралиската компанија за минерални ресурси што како ретко кој успеа да ги врати од дома своите вработени и целосно да укине работа од дома, сега сака да ги укине и паузите за кафе.

Зеленски го отпушти генералот на украинската авијација заради соборениот Ф-16

Она што првично беше прв соборен Ф-16 од руската противвоздушна одбрана, излезе дека попрво е еден од првите Ф-16 соборени од американскиот ПВО систем Патриот, управуван од украински војници.

Трамп му се закани на Закерберг со ќорка

Доколку основачот на Фејсбук направи „што било нелегално“ да влијае на претстојните претседателски избори, како што тоа го направил во 2020, ќе заврши во затвор, е заканата што Трамп ја напиша во својата нова книга.

За Америка и Украина, во три минути

Роберт Ф. Кенеди Јуниор (син на сенаторот РФД кого го уби Сирхан Сирхан), иако има проблеми со гласните жици, нема проблеми со логиката, аналитиката и здравиот разум. Добро упатен во игрите на моќните во политиката но и надвор од неа (како адвокат важи за ноќна мора на големата фармација), многу јасно ја сумира целата приказна за американската загриженост за Украина.  

Коли без клуч се обиваат без мака

Најголемата автомобилска асоцијација во Германија и Европа ADAC (имаат 21 милион членови) последниве години тестирала преку 700 различни типови автомобили „без клуч“ а резултатите се поразителни. Таквиот систем за отклучување и палење на колата многу го олеснува секојдневието на возачите. Но и на лоповите.

Англија забранува пушење и на тераси и бавчи

Како животот да не е доволно напорен па новиот британски премиер реши на човек да му се ускрати да се олабави со чаша пиво и цигара во отворените делови на пабовите. Семоќната и сеприсутна држава ќе казнува ако се запали цигара и на терасите на рестораните и тоа го прави кога на нејзините млади им се пробува нешто пркосно, спротивно од она што им се наметнува.

Африка допрва се раѓа

Познато е дека на планетава нè има безмалку осум милијарди. Но, интересно е кога ќе се зумира по континенти. Visual Capitalist малку се занимавал со бројот на родени по континенти во текот на годините и се добиваат некои очекувани а некои изненадувачки обриси и тенденции. Дека Европа паѓа тоа е јасно, ама тој пад не е ни приближно остар како оној во Азија.

Русија предупредува дека може да настрада интернетот и ГПС-от

Како одговор за сè подрското западно мешање во војната во Украина, Русија одвреме-навреме предупредува дека ако нејзината територија некој може да се смета за легитимна воена цел, тогаш и таа може за легитимни цели да ги прогласи подводните интернет кабли и системите за навигација. НАТО и Запад знаат дека немаат сериозен бекап план.     

Украина моли да гаѓа во Русија со западно оружје

Украина ги засили своите барања за дозвола да користи западно оружје против цели во длабочината на руската територија. Во пресрет на состанокот со неговите колеги од ЕУ, шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, рече дека долгорочната безбедноста на Европа зависи од краткороточни а храбри потези на Украина.

Викендов се менуваат правилата за рачен багаж во Европа

Ако во септември планирате да летате по Европа, не е лошо да ги знаете новите правила кои стапуваат на сила претстојниот викенд. Се работи за течностите во рачниот багаж и технологијата за скенирање која овозможуваше поголема слобода во која Европската комисија почна да се сомнева дека може да ѝ се верува.

Американците почнале да вадат пари од берза за да стават во кладилница

Аналитичари ја пресметуваат штетата од тоа што Американците масовно се навлекле на кладење, и излегло дека не само што кладилничарите губат пари, туку кладилниците биле закана за комплетната економија на САД.

Германија спремна да плаќа рекет само да се раатиса од Авганистанците

Лицата кои се обвинети за насилство или претставуваат терористичка закана во иднина би можеле да добијат пари, не казна, од германската држава за да се вратат таму од каде што дошле, Авганистан.

Закерберг жали што цензурирал ковид содржини под притисок од Белата куќа

Првиот човек на Фејсбук во писмо до американските власти порачал дека посакува да бил многу поотворен околу администрацијата на Бајден и нејзините притисоци да се цензурираат содржини за време на пандемијата.

Шведска, што се случува со тебе?

Индијци ја напуштаат Шведска во рекордни броеви, а само во првата половина од 2024 има 171% раст во бројот на Индијци кои си заминале од државата.

Спејсикс ќе ги враќа астронаутите што Боинг ги заглави во вселената

НАСА ќе бара помош од Спејсикс за спасување на двајцата нејзини астронаути кои од јуни се заглавени во Меѓународната вселенска станица откако нивното Боинг летало наиде на неколку проблеми сред лет.

Талибанците се вратија на талибанизирање

Денес, утре, денес, утре, Талибанците по цели три години од протерувањето на Американците во Авганистан, дури сега стигнаа да објават дека се враќаат старите правила во земјата. Нормално правилата главно се за жени.

Никој не сфаќа зошто Атлантскиот океан се лади

До неодамна долготрајните и рекордно високи температури на океаните и морињата повлекуваа драматични предупредувања и наслови дека е можен колапс на виталните глобални струи кои го прават трансферот на топли-ладни води и го одржуваат живиот свет и еко-системот во рамнотежа. Наспроти очекувањата дека затоплувањето ќе продолжи, температурите во Атлантикот сега паѓаат.  

Ете и тоа се смени: УВ зраците се и добри

Со децении западната наука и медицина препорачуваа да се избегнува сонце кога е јако или пак задолжително да се користат креми со заштитни филтри. Сега науката доставува доста поинаков амандман: штетните УВ зраци знаат да ги намалат шансите да се умре од рак или кардиоваскуларни болести.  Оди па биди паметен што да правиш.

Демократите успеаа да не се распаднат на конвенцијата

Силната обединетост околу Камала што демократите ја покажаа на конвенцијата успеа да ја сокрие тивката битка и тензиите со кои се бори партијата околу прашања како имиграција и Израел, пишува Аксиос.

Лукашенко да го смени дилерот

Вечниот белоруски владетел, Александар Лукашенко, при цела свест и совест порача дека Украина ќе биде многу среќна ако Русија употреби таткички нуклеарни оружја како одговор на окупацијата на Курск.

И ти можеш да се пензионираш на 45, ама не ти се јаде ориз секоја вечер

Јапонец кој сака да постигне целосна финансиска слобода (да не работи ништо, а да има пари), последниве 20 и кусур години јаде само ориз и живее во фирмата во која работи, само за да се пензионира пред 50 години.