Украина не се откажува од идејата да добие дозвола да користи западно оружје за да напаѓа она што таа ќе го процени како „легитимни воени цели“ во длабочините на Русија. На ум главно им се воени аеродроми.
„Доколку бидеме снабдени со доволно количество проектили и ако ни биде дозволено да нападнеме, значително ќе го намалиме капацитетот на Русија да нанесува штета на нашата критична инфраструктура и ќе ја подобриме ситуацијата на нашите сили на теренот“, рече Кулеба.
Тој веќе има отворена поддршка од високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, кој го опиша состанокот на Кулеба со 27-те шефови на дипломатии на ЕУ како важен момент која има за цел сите да разберат зошто треба да се укинат ограничувањата.
„Треба да се укинат ограничувањата за да може Украинците да ги таргетираат местата од кадешто Русија тргнува да напаѓа, инаку оружјето е бескорисно“, вели Борел.
Тој тврди дека од почетокот на војната, Русија против Украина искористила над 14.000 беспилотни летала, речиси 10.000 проектили и многу повеќе бомби со далечински команди.