Трамп се уште му е гневен на Закерберг за неговите 400 милиони долари донации кои за време на минатите избори тој ги дава за финансирање на изборни канцеларии, конкретно за поттикнување на гласање по пошта.
Помошта главно заврши кај демократски наклонети области, делумно затоа што републиканците ја одбија по наговор на Трамп. Тогашната процена на кампањата на Трамп е дека гласањето преку пошта ќе наштети на неговите шанси за избор.
Републиканскиот кандидат во повеќе наврати ги обвини донациите од Закерберг дека придонеле за неговиот пораз во 2020.
„Внимателно го следиме и ако повторно направи нешто нелегално, овој пат ќе го мине остатокот својот живот во затвор, како и сите останати кои ќе мамат на претседателските избори 2024,“ порачал Трамп.