Бројот на родени во Европа последниве десет години се има намалено за два милиона, додека Северна и Јужна Америка осцилираат во неколку стотици илјади новородени бебиња годишно.
Поостар пад забележува Азија, која во 90-тите години имаше спектакуларен пик на новородени од 90 милиони годишно. Но, подоцна паѓа од 80 на 65,6 милиони. Тоа може да се припише на премин од земјоделски во индустриски сектор.
Со растечки пораст е населението на Африка со пет милиони деца годишно повеќе отколку во 2013 година.
Европа е во очекуван пад, што структурно води кон поголеми цени во здравството и кратење на социјалната помош.
* извор