Ова е прв пат од 1998 како Шведска доживува негативна нето миграција на жители родени во Индија.
Меѓу јануари и јуни 2024 Шведска изброила 2.837 заминувања на Индијци, што е раст од над 171% во споредба со 1.046 заминувања од истиот период минатата лани.
Со овие бројки Индијците се најголемата група дојденци која ја напушта Шведска, зад себе оставајќи ги Ирачаните, Кинезите и Сиријците.
Се претпоставува дека падот се должи на зголемениот број отпуштања во технолошкиот сектор на земјата, општото поскапување на цените, како и построгите правила за добивање работна дозвола.
Во обратен правец, во Шведска меѓу јануари и јуни 2024 пристигнале 2.561 Индиец. Во истиот период минатата година, бројката била 3.681. Пред ова, индиската миграција во Шведска има незапрен раст кој почнува од 2009.