4,3 милијарди долари лани биле потрошени на активности за лобирање, наведува Open Secrets, непрофитна истражувачка група која ги следи парите во американската политика.
Тоа е рекордна цифра досега. Една година претходно, за лобирање се потрошиле 300 милиони долари помалку.
Организациите или ангажираат фирми за лобирање или вработуваат свои лобисти за да градат врски со владини функционери, со намера да влијаат врз донесувањето одлуки кои ги засегаат.
Следните табели и графикони ги прикажуваат вкупните трошоци за активности за лобирање од страна на првите 10 индустрии кои инвестирале најмногу во лобирањето во САД.
Фармацијата, односно индустријата за здравствени производи бил најголемиот потрошувач за лобирање лани, инвестирајќи вкупно 382,6 милиони долари. Во тоа купче се Фајзер, Амген, Рош...
Во второрангираната индустрија за електроника, производство и опрема, меѓу најголемите потрошувачи се големите технолошки компании како Оракл, Микрософт, Епл, Самсунг, ИБМ и Интел, кои трошеле 5,5 и 13 милиони долари за лобирање. Епл лани потрошил речиси 10 милиони долари да лобира против неколку клучни законски предлози, вклучително и предложениот нацрт-закон за антимонопол, американскиот закон за иновации и избор онлајн, кој ќе им забрани на големите технолошки платформи како Амазон, Епл и Гугл да даваат повластен третман на нивните сопствени услуги на пазарите на кои работат.