Вака започна:
Атлантскиот океан се лади со експоненцијална брзина и никој од упатените не е сигурен зошто. Помина нешто повеќе од една година со рекордно високи глобални температури на морињата, кога медиуми пишуваа застрашувачки наслови од типот „Веројатно сме поблиску до ужасен климатски колапс отколку што претходно мислевме“.
Атлантикот сега доживува нешто прилично збунувачки - температурите се спуштаат, а научниците се обидуваат да откријат што тоа се случува.
Велат дека последната атлантска „Ла Ниња“ (сестричка на Ел Нињо) се случила многу побрзо отколку во минатото и тоа пред очекуваната, многу поладна Ла Ниња во Тихиот Океан.
Со бледеењето на ефектите на Ел Нињо во мај, Ла Ниња требаше да започне меѓу септември и ноември кога постудените води ќе бидат поттикнати од посилните ветрови што ќе доаѓаат од екваторот.
Токму потенцијалот на две Ла Ниња ги заинтригира научниците за тоа како ќе изгледаат климата и температурите на океаните до крајот на годината, особено што рекордно високите температури траеја толку долго. Попат постојат многу непредвидливост што ги натера научниците да се препукуваат, и иако Ла Ниња во Атлантикот не е сосема неочекувана, се чини дека научниците не ја очекуваа оваа година.
„Додека стапката на ладење на Атлантикот веќе се забрзува а Пацификот ќе почне да се лади во следните неколку месеци, најверојатно ќе завршиме со мала „тепачка“ меѓу двата океани додека се борат да се оладат“, пишува МСН.