Ова е војна која никогаш не требаше да се случи. Војна која Русија повеќекратно се обидуваше да ја спречи, под услови кои беа многу поволни за Украина и за нас. Главната работа што ја бараа од нас беше да го држиме НАТО настрана од Украина.
Големите воени контрактори постојано сакаат да додаваат нови земји во НАТО. Зошто? Затоа што тогаш тие земји ќе мора да ги усогласуваат набавките на воена опрема со стандардите на НАТО. Тоа значи дека компании како Нортроп, Рејтеон, Боинг и Локхед добиваат освоен пазар.
Во март 2022 година, одвоивме 113 милијари долари. Да ви дадам само еден пример: со тие пари можеше да се изгради дом за речиси секој бездомник во САД. Потоа одвоивме уште 24 милијарди долари а претседателот Бајден бара уште 60 милијарди.
Но, големите трошоци ќе дојдат после војната, кога ќе треба да го изградиме уништеното. Мич МекКонел беше прашан (види: Лажеа за Авганистан. Лажеа за Ирак. Сега лажат за Украина. а богами и „Не ве слушам, стар сум“) дали може да си дозволиме да потрошиме 113 милијарди на Украина? Тој рече, тие пари всушност и не одат во Украина туку кај американските производители на оружје.
Човекот призна дека се работи за шема за перење пари.
А што мислите, кој ги поседува сите тие компании? Да, БлекРок. Сенаторот Тим Скот, за време на републиканска дебата за Украина, рече, „Не се секирајте, не е тоа подарок за Украина. Позајмица е“.
Нека дигне рака тој што мисли дека таа позајмица некогаш ќе биде платена. Се разбира дека нема. Зошто тогаш ја викаат позајмица? Затоа што можат да се наметнуваат услови за позајмицата. Кои се условите кои ние им ги наметнуваме?
Како прво, екстремна политика на стегање на каишот, што значи дека ако си сиромашен во Украина, ќе бидеш сиромашен засекогаш. Второ и најважно, Украина ќе мора да понуди за продажба сè што поседува државата на мултинационални корпорации, вклучително и целата обработлива земја, најголемиот капитал на Украина. Илјада години се водеа војни за таа земја, најплодната земја на светот која може да ја храни цела Европа.
Речиси 500.000 украински млади загинаа таа земја да остане украинска. Речиси сигурно е дека не знаат за условите за позајмицата. Тие веќе имаат продадено 30% од неа. Купувачи се Дупонт, Каргил и Монсанто. Што мислите кој ги поседува тие компании? Да, БлекРок. Оние на кои Бајден им даде договор за обнова на Украина.
Сево ова го прават пред наши очи. Не им ни гајле дека знаеме бидејќи знаеме дека ќе им помине. Како го знаат тоа? Затоа што имаат стратегија. Стара, прастара стратегија (раздели па владеј - н.з.): нè држат во војна едни против други, да се мразиме меѓусебно, демократи и републиканци бесконечно да се караат, црнци да се свртат против белци и обратно, секакви поделби....
***********
Види и: