Парите освен како субвенција, се и мерка да се надминат правните пречки кои спречуваат депортации. Се работи за дел од новите, построги, правила за депортирање кои Германија почна да ги турка откако во јуни еден полицаец беше убиен од авганистански мигрант.
Германија сака да ги депортира Авганистанците назад во нивната држава, но проблем е што во исто време по германски закони државата не смее да депортира луѓе во земји во кои им се заканува смрт, заради што и престанаа депортациите по враќањето на Талибанците на власт во 2021.
Моментално неколку стотици Авганистанци лежат во германските затвори. Берлин порача дека ќе депортира само криминалци обвинети за насилство или оние кои се сметаат за терористичка закана.
Предлогот инстантно е критикуван од групите за човекови права кои алармираат дека вратените мигранти се соочуваат со опасност од тортура во својата родна земја.
Ваквиот аргумент неодамна целосно пропадна откако се откри дека голем број авганистански бегалци редовно тајно се враќаат во Авганистан за време на празниците.
Во оваа шема рутата води главно преку Иран, а влезната виза во Авганистан се става на обично парче хартија, не и во пасош, кое се фрла по излегување од земјата за на влез во Германија да нема никаква трага од нивната посета на татковината.