„Не е важно дали ви е гајле за Бразил или не. Ризикот е што неговиот тоталитаризам има намера да се шири низ целиот свет“, пишува Шаленбергер, еден од обелоденувачите на шокантните сознанија опишани во „Твитер на платен список на ФБИ“.
Ниту претседателот Џо Бајден, ниту потпретседателката Камала Харис, ниту кој било друг во американската влада официјално не ја осуди цензурата. Веројатно затоа што Бајден, Харис и демократите не само што ја поддржуваат цензурата, туку и директно ја финансираат.
Во крајна линија, од бразилскиот народ зависи дали ќе ја оттргнат државата од тоталитаризам. Тамошните моќни медиумски корпорации, финансирани од владата, страсно повикуваат на цензура која е во корист на владејачката Работничка партија на претседателот Лула.
Претседателот на Сенатот Родриго Пачеко можеше да го отповика судијата на Врховниот суд кој ја донесе таквата одлука, но тој му даде поддршка на де Мораес.
Истовремено, администрацијата на Бајден и демократите одиграа важна улога во поттикнувањето цензура во Бразил. ФБИ отиде во Бразил и им даваше совети на судиите од Врховниот суд како да го цензурираат своето население. Владата на САД финансира многу од невладините организации во Бразил кои навиваат за цензура по изборот на Лула. И кога сведочев пред Конгресот во мај оваа година, демократите во комисијата и нивниот сведоци ја бранеа цензурата во Бразил, пишува Шаленбергер.
Единствениот американски владин претставник кој ја осудува цензурата во Бразил е Федедалниот комесар за комуникации, Брендан Кар, кој изјави дека забраната е директно кршење на бразилскиот устав кој гарантира слобода на изразување.
Тоталитарнот пресврт во Бразил е модел кој американските демократи и нивните медиуми сакаат да го извезат секаде. Про-цензорски професори од Стенфорд и Харвард, демократите во Конгресот и американските медиуми одамна препознаа дека Првиот амандман е пречка за нивните планови, оценува Шаленбергер.
„Важно е да возвратиме. Треба да ја покажеме нашата поддршка за слободата на говорот. Ги повикувам моите бразилски пријатели да останат на платформата. Сите знаат дека на Мораес ќе му биде исклучително тешко да го спроведе својот луд декрет“, повикува Шаленбергер.
Интересно е што освен независни бразилски конгресмени и сенатори кои останаа на платформата (еден од нив вика: „Никогаш немаше да помислам дека ќе повиикувам на граѓанска непослушност“), Икс сè уште го користи и бразилската влада како и владејачката Работничка партија, што значи дека користат VPN за да ја избегнат сопствената забрана.
************
Види и:
Илон Маск им објави војна на соросоидите
Ме викнаа да сведочам за енергетските политики а после не ми дадоа да зборувам