Сајтот пренесува изјави на повеќе прогресивни конгресмени кои признале дека не се задоволни од начинот на кој демократите се припоиле кон центарот, порачувајќи дека поделбата во партијата ќе стане многу појасна по 5 ноември.
Камала на конвенцијата се повлече од повеќе прогресивни позиции кои инаку ги имаше во 2020, вклучително поддршка за забраната за фракинг, решенијата за здравствена заштита, програмата за откупување на оружјето од цивилите и проширувањето на Врховниот суд.
Освен Камала, на конвенцијата говореше и демократскиот конгресмен кој се залагаше за затворање и поголема контрола на американската граница, што е сериозно разидување од досегашната позиција на демократите.
Посебна приказна и војна меѓу прогресивците и естаблишментот на партијата е темата Израел и Палестина, околу која двете страни не се ни блиску до заедничка позиција.
Пораката од умерените до прогресивните конгресмени е дека треба малку да се приберат пред изборите и да одлучат „дали сакаат да победат или сакаат да се во право“, бидејќи за победа на изборите на партијата ќе и треба да ги привлече сите гласачи, а не само демократите.