Јапонецот проценил дека за финансиска слобода до крајот на животот му требаат 640.000 долари. Откако ја направил математиката почнал да штеди.
Човекот има плата од околу 32.000 долари годишно, што значи дека му требаат 20 години за да го постигне ова. Проектот го почнува дур е во 20-те години, а за да ја оствари целта се дава на кратење на сите можни трошоци.
Прво и основно го решава домувањето со тоа што се преселува во работничкиот дом на компанијата за која работи, со кирија од 190 долари месечно. Својата соба ја опремува со бела техника и мебел што успева да ги собере наоколу.
Втора важна ставка му е јадењето кое е екстремно штедливо, па неговите вечери овие 20 години претежно се кисела слива, посолен зеленчук и тањир ориз. Некогаш знае да смени, па вечерата да му биде лименка енергетски пијалак, која ја купува со бесплатни поени од локалната продавница.
Дечкото знае да се почести и со вечерна ужинка составена од кола и колачиња.
Едно време му се има расипано микропечката, по што се префрла на јадење благ компир, кој летно време го готви на шофершајбната на колата на колегата.
Сето ова му се исплати бидејќи годинава тој објави по 20 години и 10 месеци работа дека стигнал до сумата од 860.000 долари.
Во овие 20 години тој напишал и книга со совети за штедење која станала уште еден извор на приходи. По постигнување на сумата, тој сега знае од време на време да се почести и со варено јајце за појадок, а си купил и микропечка за пак да има топол оброк.