Вести

САД си заминаа од Ирак, Курдите нека се снаоѓаат со хаосот

Речиси две и пол децении по воената инвазија во која го соборија Садам Хусеин, американските сили целосно се повлекоа од Ирак. Овојпат, се чини, засекогаш. На Курдите, своите најцврсти сојузници во регионот, не само што не им обезбедија заштита, туку и ги изложија на нова закана од иранските милиции, кои одбиваат да се разоружат и ги засилуваат нападите.

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Бугарија добро одигра со батериите

Една од моментално најинтересните епизоди во меѓународниот енергетски сектор се случува на неочекувано место: во Бугарија. Една земја во југоисточна Европа со население од само 6,4 милиони, сега има еден од највисоките соодноси во светот на батериски капацитет во однос на вкупниот капацитет на енергија, надминувајќи пазари како Калифорнија, Германија и Кина. 

Речник

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Шпанија ќе се брани со 100% данок на недвижности

Кризата која доведе до тоа Шпанците последниве години да не можат ниту да купат стан, ниту да платат кирија, Мадрид планира да ја решава со воведување на 100% данок за имот купен од лица што не се државјани на ЕУ.

Трудо покажа зошто не треба да му се верува на „машки феминиист“

И пред да биде избран во 2015 година и во многу наврати после тоа, канадскиот премиер во заминување особено држеше до сликата за него како бескомпромисен „машки феминист.“ Дури и ги искара Американците што не ја изгласале Камала Харис (ене, Л.А. за градоначалничка ја изгласа Карен Бас и многу среќа виде градот). Зад таа маска стоеше човек кој на жените им ускрати одамна освоени права темелени на нивниот пол.   

Има ли конечен договор за Газа?

Три израелски официјални лица за Аксиос рекле дека на преговорите меѓу Израл и Хамас во Доха бил направен клучен исчекор за Тел Авив да прогласи прекин на огнот а Хамас да ги ослободи заложниците кои сè уште ги држи. И договорениот пакет да стапи на сила веднаш, без одлагања и дополнителни предуслови. Ај баш да видиме. 

Талибанска научна фантастика: Жена на џам

Исламистичките идиоти со години систематски ги бришат жените од јавниот живот, радикално ускратувајќи им го правото на образование, работа, па дури и зборување надвор од дома. Последната забрана им е монструозно креативна. Во новите згради да нема џамови за жените да не ѕиркаат надвор. Чекајте само да видите каков одговор спремаат западните човекољупци.  

Трамп го одложи решавањето на Украина

Од ветуваните 24-часа по стапување на функција, сега Трамп, се уште не инаугуриран, зборува за период од 6 месеци за ставање крај на војната во Украина.

Што па на 633 ви текна? 632 малку беа?

Јапонски локални власти отпуштаат еден свој вработен како дисциплинска казна откако овој 633 пати излегол од работа за да оди во блиската теретана и базен.

На ген З им требаат професионалци за менување сијалица

Не е дека децата не сакаат, туку вистински им се создава анксиозност од самата помисла за менување сијалица, па би сакале ако може некој со поголеми познавања да ја заврши таа работа.

Ќе ги разбудат ли пожарите оние „разбудените“

Пожарите во Лос Анџелес и пеплосувањето на некои од најбогатите делови на градот, на прогресивците им покажаа дека лошото управување и спроведувањето политики во кои поважни ќе бидат идеолошките каузи наместо обичните потреби на луѓето, не маваат секогаш само по сиромашните туку и по нивната база. Многу битни работи се менуваат во Америка. 

Вашингтон пост во минус со публика од 90%

Изминативе четири години, откако дојде Бајден па до денес, бројот на претплатници и читатели на Вашингтон пост е паднат за незамисливи 90%. И другите меинстрим медиуми не се нешто подобро.

Илон ќе стане газда и на Тикток?

Тикток, кој доколку ништо не се смени во следните неколку денови ќе престане да функционира во САД, е на пат да заврши како уште една интернет платформа во сопственост на Илон Маск.

Дали родител смее да користи курир за испорака?

Една дебата која моментално се тера во Кина се однесува на тамошни мајки кои нашле нов хак во покривањето на секојдневното справување со сопствените деца - испорака преку курири.

Закерберг ги отстранува тампоните од машките тоалети

Прво ладно ги откачи факт-чекерите со оценка дека со својата политичка пристрасност направиле повеќе штета отколку ќар за довербата кон неговите платформи. Потоа гостуваше кај „омразениот“ Џо Роган за да се поплака како досегашните власти им се дереле кога барале да кинат содржини од Фејсбук а сега наредил да се отстранат тампоните за менструација од машките тоалети во Мета. Марче, ако си киднапиран, трепни.

Политичарот што лајкаше до дисквалификација

75-годишен германски политичар целосно се повлече од парламентарните избори во земјата, откако некој душман му извади скриншотови од лајковите и коментарите што ги оставал по рандом Онлифанс девојки на Икс.

Протеински прашок збогатен со олово и кадмиум

Анализа на протеински прашоци открива дека добар дел од производите што регуларно се продаваат содржат „вознемирувачки високи“ нивоа на олово и кадмиум. Најголемиот криминал бил кај растителниот и органскиот протеин, како и производите со вкус на чоколадо.

Битка за Арктикот, битка на 21-от век

Директната физичка контрола над Канада и Гренланд би ги поставила САД на рамна нога со Русија во арктичкиот круг. Трката за Арктикот ќе биде една од „Големите игри“ на 21 век, најавува едно гео-политичко објаснување на најновата фрка на северот која ја зготви Доналд Трамп а кое неговите ишарети за Гренланд и Канада ги вади од онаа перцепција дека се работи за обични хирови на еден мегаломански трговец. 

Кој ќе помислеше дека Гренланд ќе се споредува со Косово

„Го повикуваме Кралството Данска да ја прифати реалната ситуација на теренот и да ја признае независноста на Гренланд. Гренланд не се сипа во трактори, а неговата независност виси како камен на вратот на граѓаните на Данска. Време е Данците да ја напуштат својата митоманија и да се приклучат на остатокот од цивилизираниот свет. Лесно е да брани Гренланд од кафуле во Копенхаген“.

Саудиски мисици претерувале со ботокс

Над 40 камили биле дисквалификувани од натпреварот за убавина во Саудиска Арабија. Главно поради примање ботокс инекции и други козметички додатоци. Натпреварот за МИС Камила е врв на фестивалот на камили на кралот Абдулазиз, каде во игра се 66 милиони американски долари парична награда.

Пакистан најави доаѓање во Париз

Пакистанската национална авиокомпанија (ПИА), на која во 2020 година ѝ беше забрането да лета за за Англија, САД и ЕУ поради безбедносна загриженост, објави дека ги обновува летовите за Европа. И како паднати од Марс да не чуле за 11 септември, пуштија реклама во која се гледа авион како лета директно кон Ајфеловата кула. Префинето.

Фон дер Лаен не може да добие термин кај Трамп

Луѓето на претседателката на Европската комисија периодов се обидуваат да и закажат состанок на Урсула фон дер Лаен со Доналд Трамп, во Флорида, пред неговата официјална инаугурација.

Алис Вајдел: Ние Германците сме поразен народ, но не сме робови

„И да се биде роб има свои предности. Најблагородната е правото на слугата да не учествува во битките на својот господар, туку да живее во мир. Но, на американското водство ова не им се допаѓа“, изјави лидерката на десничарската Алтернатива за Германија, Алисе Вејдел, обвинувајќи ја власта на Олаф Шолц за поданички однос кон Вашингтон.

Прада ќе си купи Версаче?

Италијанска Прада е еден од потенцијалните кандидати за купување на Версаче групацијата која беше ставена на продажба од нивниот сопственик Капри Холдингс.

Мета дозволи ЛГБТ луѓето да се нарекуваат ментално болни

Новите правила на Мета за користење на платформата не им дозволуваат на корисниците како навреда да нарекуваат други луѓе дека се ментално болни, освен ако тие други луѓе не се ЛГБТ.

Гренланд? Оти па Луизијана поинаку ја добија

Уште не го раситнил својот втор мандат во Белата куќа, Доналд Трамп нè потсети на неговата мегаломанија од трговски карактер па повтори дека сака купуванка во форма на Гренланд. Оти во сегашна и волкава Америка нема работи кои треба да ги среди (миграција, фентанил криза, бездомништво, инфраструктура...) па му треба поголема Америка.  

На Данска почна вистински да ѝ гори за Гренланд

Кога Трамп во првиот мандат порача дека сака да го купи Гренланд, тие што не бе шокирани од изјавата не можеа да се приберат од смеење. Овој пат, барем за Данска, работите станаа многу посериозни.