Според информациите што ги пренесува Блумберг, не е баш сигурно дека ваквата средба ќе може да биде договорена до 20 јануари. Договарањето на потенцијалната средба е отежнато и од тоа што Лаен се нема вратено на работа од празниците бидејќи се уште е на боледување заради пневмонијата што ја закачи.
„Европските функционери до сега се мачеа да отворат константен канал на комуникација со своите повисоки колеги од претстојната администрација,“ пишува Блумберг.
Трамп во повеќе наврати се жали дека ЕУ лошо ги третира САД и се закани дека ако продолжи тоа, тој ќе наметне високи тарифи на производите од Унијата и ќе инсистира на повисоко трошење на одбрана.
Лаен имаше исклучително блиска соработка со Бајден, посетувајќи ја неколку пати Белата куќа за координирање на политиките околу Украина и Кина.
За разлика од Лаен, до сега италијанската премиерка Мелони успеа да се види со Трамп во Флорида, исто како и Виктор Орбан, а американскиот претседател го посети Париз за време на отворањето на Богородичната црква.