Трудо покажа зошто не треба да му се верува на „машки феминиист“

И пред да биде избран во 2015 година и во многу наврати после тоа, канадскиот премиер во заминување особено држеше до сликата за него како бескомпромисен „машки феминист.“ Дури и ги искара Американците што не ја изгласале Камала Харис (ене, Л.А. за градоначалничка ја изгласа Карен Бас и многу среќа виде градот). Зад таа маска стоеше човек кој на жените им ускрати одамна освоени права темелени на нивниот пол.   

„Почнав да ја отфрлам етикетата „феминистка“ пред неколку години. Не чувствував желба да се врзам со движење кое стана ем будалесто ем веќе воопшто не се фокусираше на жените. Наместо тоа, стана опседнато со „интерконектираност“, се врза со гротескни слогани и се бореше за правото на мажите да користат соблекувални за девојки. Етикетата не понуди ништо повеќе од конфузија. Поголемиот дел од мојот живот се борев за правата и безбедноста на жените. Залепувањето на етикета на мојот ревер нема да го докаже тоа - особено не етикета која стана смешка на многу начини. Феминистките би ми наредиле да повторувам по нив, „верувај им на жените“ на сметка на ригорозна потрага по вистината. Од мене се очекуваше да ја прифатам левичарската доктрина. Сакав да бидам слободна да носам свои заклучоци, а не да бидам заробена во канџите на некое култистичко движење. Кога „трансжените се жени“ стана доминантна мантра за прогресивците, знаев дека етикетата стана бесмислена“, пишува канадската авторка Меган Марфи.

Како пример за таа бесмисленост и неиздржливост на таканаречените  феминисти, го посочи Џастин Трудо кој минатата недела рече дека се повлекува. И пред да биде избран во 2015-та и подоцна, инсистираше  дека тој е „горд феминист“.

Вели дека сега, кога сведочиме за распад на фасадата на Трудо, горда е  што уште тогаш не паднала на тие финти и имала недоверба кон неговиот „јас сум добар дечко“имиџ.

„Дали сега одговорноста е на жените и девојките да го напуштат својот женски простор доколку се чувствуваат небезбедни? Дали тинејџерките се должни да ја игнорираат реалноста само за да не бидат обвинети за предрасуди? Дали жените имаат обврска одеднаш да заборават на сè што знаат и доживеале во врска со сексуалното насилство, сексуалното вознемирување и машкиот поглед само затоа што некој поединец сака да има пристап до нивната соблекувална? Затоа што некој дечко ќе тврди тврди дека „одвнатре се чувствува како девојче“? И што тоа воопшто значи“, прашала Марфи на парламентарно испрашување по повод еден родов закон.

Трудо на секаков можен начин се држеше до својот статус на застапник за правата на жените. Минатиот март на жените им понуди бесплатна хормонална контрола на раѓање. Но, што е жена според неговата влада? „Лице кое внатрешно се идентификува и/или јавно се изразува како жена.“ Со други зборови, кој било.

Во декември, дрско ги искара Американците што не ја избрале Камала Харис (која, исто како него, не е способна да го дефинира зборот „жена“). И пак завергла: „Сакам да знаете дека јас сум и секогаш ќе бидам горд феминист. Секогаш ќе имате сојузник во мене и во мојата влада“.

Владата на Трудо не само што им ги скрати на жените нивните права засновани на пол, туку и тие што се спротиставија ги етикетираше како хејтери и насилници.

Денес не може да спомне „жени“ на Икс без да дочека лавина прашања да објасни што точно подразбира под тој поим.

„Добриот дечко“ Трудо стана непријател на канадскиот народ поради безброј причини, но особено непријател на жените. Како што неговото владеење доаѓа до крајот, не можам  да бидам посмирена кога гледам дека овој вид „феминисти“ изумира, пишува Марфи.

15 јануари 2025 - 17:42