Саудиски мисици претерувале со ботокс

Над 40 камили биле дисквалификувани од натпреварот за убавина во Саудиска Арабија. Главно поради примање ботокс инекции и други козметички додатоци. Натпреварот за МИС Камила е врв на фестивалот на камили на кралот Абдулазиз, каде во игра се 66 милиони американски долари парична награда.

Особено се ценат долги и свенати усни, голем нос и згодна грпка, пренeсува BBC.

Државната новинска агенција на Саудиска Арабија извести дека судиите користеле „напредна“ технологија за да откријат измами и манипулации. „Убавиците“ биле скенирани со рендген и 3Д ултразвучни апарати, а им биле земени и примероци за генетска анализа.

Дваесет и седум натпреварувачки биле дисквалификувани поради истегнувани делови од телото, а 16 биле исфрлени поради примање инекции. Организаторите на натпреварот рекоа дека се решени да ги запрат сите манипулации и измами во разубавувањето на камилите и ветија строги казни за манипулаторите.

Таквите вбризгувале ботокс во усните, носот, вилицата и другите делови од главата на камилите за да се релаксираат мускулите; со колаген им ги полнеле усните и носовите; има давале хормони за мускулен раст а со гумени ленти кои го ограничуваат протокот на крвта правеле делови од телото поголеми од нормалното. 

Човек на азиската ПЕТА побара да се прекине со ваквата сурова фарса.

 

10 јануари 2025 - 23:16