Русија ја позиционира рутата преку Северното море како клучна глобална бродска артерија која речиси целосно ја контролира. Оваа рута значително го скратува времето на транзит меѓу Европа и Азија.
Со подобрена инфраструктура и повлекување на мразот, Северноморската рута станува супериорна во однос на Суецкиот канал - не само што е пократка (оттука поевтина и ќе станува сè поевтина со подобрувањата на инфраструктурата), туку исто така нема редици, нема патарини, нема пирати или Хути.
Топењето на мразот исто така, го олеснува искористувањето на природните ресурси во арктичкиот круг, а се проценува дека се огромни: 15% од неоткриената нафта во светот, 30% од неоткриениот природен гас во светот (бројки што доаѓаат од Геолошкиот институт на САД). Постојат и други стратешки ресурси како што се ретките елементи.
Русија ги развива резервите на нафта и природен гас во руските делови на Арктикот, особено во области како полуостровот Јамал и морето Кара Море. Диверзификацијата на патиштата за извоз на енергија е критична за Русија за нејзината позиција кон средината на 21 век. Проектите како Јамал ЛНГ и Арктик ЛНГ 2 се апсолутно клучни за руската економска стратегија, а овие проекти вклучуваат и партнерство со Кина. Со оглед на тоа што Русија е единствената порта на Кина кон Арктикот, тие се многу заинтересирани за соработка.
Во последниве години, Русија повторно отвори многу стари советски научни и воени бази низ Арктикот, особено Арктичката Шамрок база на Александровата земја.
Русите тестирааат многу од нивните најнови оружја на Арктикот, како што е системот за воздушна одбрана С-500 Прометеј и разни ракети (Бастион, Циркон). Имаат и респектабилна флота од нуклеарни подморници во Арктичкиот Океан.
Во моментов, Русија има предност пред сите останати на Арктикот - поседуваат најголем дел од него, управуваат со најголемата и најнапредната флота на мразокршачи во светот (ги имаат и на нуклеарен погон), сериозно инвестираат во воената и цивилната инфраструктура во регионот.
Американците, јасно, не сакаат да останат надвор од трката.
И уште еден елемент: целата таа област е клучна за сите сценарија на Армагедонот на Третата светска војна, бидејќи најкратката патека за размена на интерконтиненталните балистички ракети поминува преку Северниот пол.
САД и Трамп знаат дека заостануваат на оваа тема и станува јасно зошто им треба директна контрола над северозападниот премин а на долг рок, поморската позиција на Гренланд е многу пожелна. Фино е империја да се потпира на сојузници и марионети но секогаш е подобро кога се има директна контрола.
Во секој случај, Арктикот ќе биде еден од најважните стратешки региони на 21 век, а конкуренцијата ќе биде жестока.