Гренланд? Оти па Луизијана поинаку ја добија

Уште не го раситнил својот втор мандат во Белата куќа, Доналд Трамп нè потсети на неговата мегаломанија од трговски карактер па повтори дека сака купуванка во форма на Гренланд. Оти во сегашна и волкава Америка нема работи кои треба да ги среди (миграција, фентанил криза, бездомништво, инфраструктура...) па му треба поголема Америка.  

Портокалиот сериозно разбранува кругови но дури и меѓу Демократите има некои кои сметаат дека нема потреба од хистерија, потсетувајќи на некои други американски аквизиции во историјата. Еден од таквите е еден од најживописните Демократи, Џон Фетерман, кој потсети на набавката на Луизијана и Аљаска.

Соединетите држави ја купија Луизијана од Првата Француска Република во 1803 година. За 15 милиони долари, отприлика по 18 долари по квадратна миља (1 миља = 2,5 квадратни километри).

Луизијана има површина од 2.140.000 квадратни километри. Македонија 25.713.

Франција ја шитна иако имала контрола само врз мал дел областа, главно населена со Индијанци, но со договорот Американците купија превентивното право да добијат индијански земји со договор или со освојување, со исклучување на другите колонијални сили.

Претходно, Луизијана ја држеле Шпанци но Наполеон Бонапарта ја набавил во замена за Тоскана.

Аљаска пак, Американците ја имаат набавено од Руското царство во 1867 година за 7,2 милиони долари, кои во денешна вредност изнесуваат околу 130 милиони долари.

Нај за спрдање во оваа ситуација ни се чини германскиот канцелар Олаф Шолц на кој, по обелоденувањето на амбициите на Трамп, му текна дека границите на државите се непроменливи.

Србија, Косово, Израел?

 

 

9 јануари 2025 - 19:18