Вести

Реакција на филмот „NAZA“:

Израел знае да биде и маќеа

Израелското државјанство, како еден од столбовите на ционистичкиот проект, никогаш досега не им било одземено на Евреи. Нетанјаху сега бара да им биде одземено на авторите на шокантниот документарец „NAZA“ во кој се прикажани израелски злосторства во Газа. Режисерите стануваат „непријатели на еврејскиот народ“ и се третираат како „егзистенцијална закана“ за државата.

САД си заминаа од Ирак, Курдите нека се снаоѓаат со хаосот

Речиси две и пол децении по воената инвазија во која го соборија Садам Хусеин, американските сили целосно се повлекоа од Ирак. Овојпат, се чини, засекогаш. На Курдите, своите најцврсти сојузници во регионот, не само што не им обезбедија заштита, туку и ги изложија на нова закана од иранските милиции, кои одбиваат да се разоружат и ги засилуваат нападите.

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Речник

Бугарија добро одигра со батериите

Една од моментално најинтересните епизоди во меѓународниот енергетски сектор се случува на неочекувано место: во Бугарија. Една земја во југоисточна Европа со население од само 6,4 милиони, сега има еден од највисоките соодноси во светот на батериски капацитет во однос на вкупниот капацитет на енергија, надминувајќи пазари како Калифорнија, Германија и Кина. 

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

На Данска почна вистински да ѝ гори за Гренланд

Кога Трамп во првиот мандат порача дека сака да го купи Гренланд, тие што не бе шокирани од изјавата не можеа да се приберат од смеење. Овој пат, барем за Данска, работите станаа многу посериозни.

Маск бара како пред време да го смени Стармер

Најбогатиот човек на светот приватно разговарал со своите соработници за тоа како Кир Стармер може биде избркан од премиерската позиција во Британија и пред следните избори во земјата.

Левицата имаше сè во рака и сепак ја изгуби културолошката војна

Не мораа да бидат владеачки партии но успеваа да ја наметнат својата агенда на сите политички играчи. Родова идеологија, ковид, миграција, диверзификација... секој свој наратив го претворија во догма која не дозволува преиспитување. Како можеа да помислат дека тоа ќе мине туку така? Дека народот ќе каже, стварно, слободата е страшна, ни треба цензура?

Сиријците ја заматија Бербок

Тие што веруваа дека посетите на Кина во кои беше пречекувана од заменик градоначалник ќе бидат дното на дипломатската кариера на германската министерка за надворешни работи, не очекуваа дека Бербок некогаш ќе ја посети Сирија или пак дека таму ќе ја дочека ребрендиран ИСИС.

Барем Белгијциве за попаметни ги мислевме

Белгиската државна агенција за безбедност на храната деновиве мораше да ја опомене домашната јавност дека божиќните дрвја, како вештачки, така и природни, не се за јадење.

Трамп ќе го ребрендира Мексиканскиот залив

На помалку од две недели од инаугурацијата, Трамп објави дополнителна своја амбиција за засилување на брендот „Америка“, овој пат со преименување на Мексиканскиот залив во Американски.

Закерберг ќе ги откачи факт-чекерите

Мета ќе се ослободи од проверувачите на факти, „драматично ќе ја намали количината на цензура“ и ќе препорачува повеќе политички содржини на своите платформи, вклучително и Фејсбук, Инстаграм и Тредс, најави основачот Марк Закерберг. Се молат факт-чекерите да ја проверат оваа вест, дур им трае платата. Не дека се секираме за нив, ќе најдат тие нови газди.

Уредник во BBC, човек на Мосад и ЦИА

Тринесет вработени на ББЦ споделија дека на човекот кој го води нивното биро за Блискиот исток, главна работа му е да ублажува сè што звучи критички кон Израел и дека во целата куќа владее естремен страв да не се каже нешто погрешно за таа држава. Човекот за кого се зборува во својата канцеларија држи врамено писмо од Бенјамин Нетанјаху во кое тој ја фали неговата книга за разузнавање.

Година на суперинтелигенцијата

Иако до пред некое време ни даваше фора од неколку години, првиот човек на стартапот за вештачка интелиганција, ОпенАИ, најавува дека сме блиску до онаа точка кога вештачката интелигенција доаѓа на исто рамниште со човечката интелигенција. Со тоа што таа супер интелигенција ќе продолжи да се развива и станува сè посилна (пошто нема друга работа), додека ние ќе си останеме онакви какви што сме. 

Падот на прогресивно-патетичниот деспот

Џастин Трудо конечно се соочи со реалноста и поднесе оставка. Човекот кој покажа дека може истовремено да се биде и либерал и автократ. Започна спектакуларно, со домашна и глобална акламација а потоа земјата ја потопи во надмена и елитистичка идеологија. На камионџиите кои тргнаа против неговите ковид политики им ги замрзна банкарските сметки. Малкумина диктатори би се осмелиле на тоа.

Илон Маск му сврте грб на Најџел Фараж

Се зборуваше за донации од стотина милиони од Маск за партијата на Фараж, сопственикот на Тесла и Спејс Икс пишуваше дека на Британија ѝ се неопходни Реформистите на Најџел, заедно беа во во Мар а Лаго на Доналд Трамп... и од нигде никаде, Маск пиша дека Фараж „го нема тоа што треба“ за да ја води партијата. Па бар за жена да се скараа.

Азилантите ја трошат Холандија со генерации

Холандската десничарска влада планира да го заузда напливот на мигранти, особено оние кои се дојдени по азил, за да има контрола врз вкупниот прираст и димензионирањето на јавните сервиси. Најтешка за економијата е структурата на надворешниот прилив. Некои веднаш се исплаќаат, некои пак, дури и нивните деца не можат да го покријат она што државата го потрошила на нив.   

Њујорк, градот кој никогаш не спие... мирно

Во 80-тите години, во Њујорк и особено во некои негови делови, како метрото и Централ парк, беше толку опасно што крадците почнаа да бидат пљачкани од други крадци. Тогаш се појавија групи граѓани кои се самоорганизираа за да се заштитат од бандитите. Неколку децении подоцна, ваквите групи се враќаат. Случајно ли е што речиси сите најнасилни американски градови ги водат демократи?

Зелените мерки на британската влада ќе создадат 170.000 работни места... во Кина

Се работи за планот на Лабуристите до 2030 Британија да ја постигне границата од нула издувни гасови, а за тоа ќе требаат многу ветерници и фотоволтаици кои главно ќе се произведат во Кина.

Мета ќе ги полни Фејсбук и Инстаграм со ВИ ботови

По неброени работни часови и милијарди долари потрошени на спасување и чистење на социјалните мрежи од какви лажни и автоматизирани профили, сега Мета планира, не само да го дозволи, туку и да го поттикне креирањето на ботови, кои по ново се викаат ВИ инфлуенсери.

Демократи уште бараат чаре како Трамп да не стане претседател

На неполн месец од инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД, демократите расправаат за тоа како би можеле да го блокираат враќањето на Трамп на власт, бидејќи „Уставот предвидува дека човек што ја прекршил заклетвата е неподобен да биде претседател“.

Путин може до кога сака

На почетокот на инвазијата, Запад се надеваше дека драконските санкции кон Русија не само што ќе го оладат Путин за војување туку и дека ќе доведат до пресврт во расположението на народот, побуна и пад на режимот. Неполни три години подоцна, дури и руските опозициони медиуми резигнирано признаваат дека нема ништо од тоа. „Кухариците“ и другите скрипти не минуваат лесно таму.

Амeрика сруши уште eден свој рекорд

Во 2024 година, во САД без дом биле 770.000 луѓе. Тоа е пораст од дури 18% од претходната годиина и рекорден број откако нивниот „СИЗ за становање“ почна да ги брои бездомнициите пред 18 години. Како што најави пред 10-тина години озлогласениот Светски економски форум: „Нема да мие ништо и ќе бидете среќни.“ Можеби Илон Маск може и тука да помогне?

Индијките поседуваат 11% од целото злато на светот

Иако нема ниту една култура имуна на злато, излезе дека индиската, и посебно Индијките, се исклучително навлечени на скапоцениот метал, во износ од 11% од вкупното злато што е ископано на планетава.

Вирусот кој наполни 35 години руши рекорди

Компјутерскиот вирус кој постои уште од осумдесетитте години на минатиот век е сè поомилен меѓу компјутерскиот олош, со добра причина: лани рекордно заработија од него. Се предвидува дека до 2031 година ќе прави штети во вредност од 265 милијарди долари годишно.

Турција и Германија се фатија за врат за донерот

Од сите битки што можеа да ги водат двете престолнини, Берлин и Анкара се фатија за врат околу статусот на донерот и кој ќе каже што е прав донер.

Бајден е пишман што се откажал од претседателската трка

Американскиот претседател верува дека ако останел во трката ќе можел да го победи Доналд Трамп и жали што ја напуштил кампањата по катастрофалната дебата што ја имаше против него во јуни годинава.

Гардијан, од поддршка за Сноуден до поддршка за цензура

Гардијан беше еден од неколкуте медиуми кои се одважија да се дознае што има Едвард Сноуден инсајдерски да каже за постоењето на огромен државен апарат впрегнат во мониторирање и контрола на граѓаните и јавноста. Не постои веќе тој Гардијан. Сегашниот Гардијан се залага за регулатива, ставајќи се меѓу оние кои мислат дека слободата на говорот може да биде многу опасна работа. 

Првиот човек на СЗО за малку избегна да биде затрупан во израелско бомбардирање

Тедрос Аданом Гебрејсус се наоѓал во чекална на меѓународниот аеродром во Санаа во Јемен во моментот кога Израел го бомбардирал аеродромот како дел од подготовките за војна на повеќе фронтови.