
Гебрејсус и колегите од О.Н. биле на заминување од Јемен и чекале, на само неколку метри од местото што било бомбардирано, да се качат на авион.
Освен пистата, во бомбардирањето настрадале и контролната кула и чекалната за летови за заминување.
Во израелското бомбардирање бил повреден еден од колегите на Гебрејсус од Обединетите нации, кој подоцна е хоспитализиран во Јордан.
Израел се уште не коментира дали имал информација за присуството на делегацијата на СЗО и О.Н. на аеродромот во Санаа. Она што коментираат е дека се работи за успешен напад кој сериозно им наштетил на капацитетите на Хутите да напаѓаат мети на израелска територија.