Руските Нова Газета и Медузе признаваат дека Кремљ не мора да се плаши од антивоени. Со други зборови, Путин има поддршка да оди во војна додека сака.
Еве го аргументот што го користат: во ноември, рејтингот на Владимир Путин се приближи до највисокото ниво на сите времиња, достигнувајќи 87 проценти. Тој беше повисок само во 2008 и 2014 година: 88 и 89 отсто, но на крајот на 2021 година, рејтингот му беше блиску до најниското ниво на сите времиња, само околу 60 отсто.
Меѓутоа, буквално од моментот кога руските трупи ја преминаа украинската граница, довербата се приближи до 80 отсто, а слично ниво на поддршка остана во текот на 2022 година и дел од 2023 година. Сега Путин се приближува кон личниот рекорд.
„Руското општество се консолидираше околу воените операции“, потврди Алексеј Левинсон, шеф за социокултурни истражувања во Центарот Левада.
Чисто за референца, тоа е институт за испитување на јавното мислење кој во 2016-та година руските власти го класифицираа како „странски агент.“
Прозападните аналитичари се обидуваат да го менаџираат ваквиот скор па тврдат дека тоа е резултат на апатија, длабока деполитизација... Сè ќе им текне, само нема да им текне дека на нормален човек, од Негорци до Новосибирск, лицемерието на западната политика знае да му се огади.
Поддршката за руските воени операции останува стабилна меѓу 70 и 80 проценти.
Другата страна на медалот е дека 60% од жените и младите не би сакале нивен близок да потпише дека оди во војска. Но, од друга страна, 40% од целото население би поддржало таква одлука на свој близок.
Оние кои се за мировни преговори (45-55%) малку ги надминуваат оние кои се продолжување на војната (35-45%).
„Тоа е атрибут на масовната свест што заслужува посебна анализа. Накратко, многу Руси ќе речат: „Ние сме за војна, ама сме и за мир“. Тоа не е шизофренија, тие работи се надополнуваат па дури и урамнотежуваат. Русите се подготвени да поддржат преговори и евентуално примирје, но под руски услови“, објаснува Левинсон од Левада.
За разлика од мнозинството, само 30 отсто се подготвени да се откажат од барем дел од украинските територии.