„Колку убаво име, и колку соодветно,“ ќе изјави Трамп околу својот план за менување на името на заливот.
По ова Трамп продолжи со својата вообичаена програма за напаѓање на Мексико и осудување на тамошната влада за тоа што го дозволува и не го спречува шверцот на наркотици, оружје и луѓе, преку границата со САД.
Трамп само ја фрли бомбата за менување на името без воопшто да даде каков било детал околу тоа како планира да ја изведе промената на името и дали тоа некогаш и било споменато на мексиканската страна.
Заливот кој локално низ историјата има повеќе имиња, најмалку последниве 400 години го носи името Мексикански залив, кое му е дадено од европските истражувачи.
САД веќе имаат механизам за промена на имињата на места, меѓутоа истиот не е меѓународно обврзувачки.