Ренсомвер (ransomware) e форма на малициозен софтвер кој сајбер-криминалците го користат за заклучување датотеки на нечиј компјутер и потоа бараат парична исплата или откуп за да ги отклучат.
Со текот на годините има формирано индустрија од милијарди долари која денес претставува глобално распространета закана за сајбер безбедноста. На 12 декември официјално наполни 35 години.
Податоците на компанијата Chainalysis, американска фирма специјализирана за анализа на блокчеин податоци, покажуваат дека од жртви на ренсомвер, лани биле собрани рекордни пари во изнудени крипровалути, кои се изразуваат во милијарди долари.
Експертите очекуваат клауд технологијата, вештачката интелигенција и геополитичките турбуленции да овозможат понатамошна еволуција на ваквиот софтвер.
Првиот напад со софтвер за изнуда се случи во 1989 година. Хакер физички испраќал флопи-дискови со тврдење дека содржат софтвер кој може да помогне да се утврди ризикот на лицето да заболи од СИДА. Штом ќе се инсталирал, малициозниот софтвер броел колку пати компјутерот бил подигнат и после 90-тото подигање, ќе ги сокриел директориумите и ќе ги шифрирал имињата на датотеките на компјутерот. Потоа сопственикот добивал порака со инструкции да испрати чек на адреса во Панама за да ги си ја врати содржината на компјутерот.
Подоцна се развија и други форми како GPCode (чии мети бе Руси), CryptoLocker и други.