Бељата на агенцијата (ФАСФЦ) им ја направија властите на градот Гент кои како решение за намалување на празничниот отпад, на своите граѓани им предложија да ги користат елките за додавање вкус на путер или сосови што го прават за време на празниците, а инспирација за ова им беше една скандинавска пракса.
Проблемот за агенцијата е што Гент како аргумент за својот предлог ги упатил граѓаните кон сајт кој тврди дека елките се безбедни за јадење, без тоа да биде научно издржано.
Освен здравиот разум, од агенцијата објаснуваат дека божиќните елки не се наменети за јадење и заради високата концентрација на пестициди кои се користат при нивното одгледување бидејќи истите никогаш не било помислено дека некој би ги ставил во оброк.
Во просторот меѓу локалните власти и агенцијата фино се сместија одгледувачите на божиќни дрвја кои сега размислуваат за одгледување елки со помалку пестициди, кои би биле во границите на дозволеното за консумација.