Новите програми и ВИ алатки кои Мета ги лансираше изминатите месеци, компанијата верува дека ќе бидат искористени за создавање на ВИ ликови кои во следните неколку години ќе станат стандарден дел од платформата.
„Очекуваме дека овие ВИ, со тек на време, ќе постојат на нашите платформи, исто како што постојат и другите профили.
Ќе имаат био, ќе имаат профилна слика и ќе можат да генерираат и споделуваат содржини на нашата платформа со помош на ВИ... таму гледам дека одат работите,“ изјавил потпретседателот на Мета за генеративна ВИ, Конор Хејс.
Тој најавил дека за Мета инвестициите во ВИ ќе бидат приоритет. Во моментов ВИ на Мета може да се користи уредување слики или создавање на ВИ асистенти, а Фајненшл тајмс објавува дека Мета наскоро планира да пушти во оптек нов софтвер за генерирање на видео од текст.
Експерти уште од сега почнаа да посочуваат потенцијални проблеми со отворањето на портите за ВИ корисници, како преплавување на платформата со ботови и симнување на квалитетот на содржините кои се објавуваат таму.
За сега сите содржини објавени од ВИ профили на Фејсбук мора да бидат обележани со етикета “ВИ инфо“.