Еван Дејвис и Дејвид Шулт во текстот за Хил пишуваат дека ваквото нивно тврдење се базира на пасусот 3 од 14-от амандман на американскиот устав, според кој никој што претходно дал заклетва дека ќе го чува американскиот Устав, а потоа поттикнал бунт против истиот, нема да може да држи јавна функција.
Тие објаснуваат дека ова се однесува на побуна против Уставот на САД, а не на владата. Како докази за тоа тие ги наведуваат второто судење за импичмент од 2021, во кое сенатот со поддршка на 7 републиканци, го прогласи Трамп за виновен, но не успеа да собере 2 третини од гласовите за да го сменат од Белата куќа.
Втор доказ им е 5-дневното рочиште во Колорадо, каде судот „најде јасни и убедливи докази дека Трамп бил дел од бунтот, во форма во која овие поими се користат во третиот параграф.“ Подоцна ова беше поништено од Врховниот суд, кој одлучи дека сојузните држави во САД немаат овластување да дисквалификуваат луѓе од кандидирање за федерални позиции.
Третиот доказ е истрагата што ја спроведува комисија на Претставничкиот дом „чиј неизбежен заклучок од овие докази е дека Трамп бил дел од бунтот против Уставот“, конкретно во делот во кој бара од Мајк Пенс да не ги прифати електорските гласови во корист на Бајден.
На крај од своето образложување, двајцата некако се помируваат дека е очигледно дека републиканците во Конгресот е на раб од неверојатно дека ќе направат нешто за Камала Харис да биде избрана. Меѓутоа:
„Демократите треба да се спротивстават на гласовите на електорите за лице кое Уставот го дисквалификува да има државна функција се додека неговите ограничувања не се отстранат. Заклетвата дека ќе го поддржуваат и чуваат Уставот не бара ништо помалку од нив.“