Индијките поседуваат 11% од целото злато на светот

Иако нема ниту една култура имуна на злато, излезе дека индиската, и посебно Индијките, се исклучително навлечени на скапоцениот метал, во износ од 11% од вкупното злато што е ископано на планетава.

Математиката е дека само Индијките поседуваат околу 24.000 тони злато.

За споредба, тоа е три пати повеќе од САД, чии златни резерви се на некои си 8.000 тони. Во мерењето на САД не би му помогнале, дури и да ги спои своите златни резерви со Германија (3.300 тони), Италија (2.450 тони), Франција (2.400 тони) и Русија (1.900 тони).

Регионално, најголемиот дел е кај Индијките од јужните краишта на Индија кои чуваат 40% од целото злато, а број еден е сојузната држава Тамул Наду чии жени поседуваат 28% од женското злато во земјата.

Улогата на златото во индиската култура ја отсликуваат и индиските закони кои ограничуваат дека секоја мажена жена може да чува до 500 грама злато, додека немажените се ограничени на само 250 грама. За споредба, на мажите им се дозволени само 100 грама, без разлика дали биле женети или не.

Златото што го поседуваат Индијките е еднакво на 40% од БДП-то на земјата.

2 јануари 2025 - 12:59