Еден од последните едиторијали на Гардијан поддржува, па дури и бара поголема цензура на интернет („регулатива“) во име на „повисоки цели“ што јасно го демонстрира степенот на политичка радикализација што им се случи на традиционалните медиумски брендови последната деценија.
Тоа е истиот оној британски весник кој беше меѓу оние кои му помогнаа на Едвард Сноуден да ги запознае луѓето ширум светот со огромниот владин апарат за надзор и шпионирање.
На крајот на 2024 година, Гардијан е жесток критичар на сопственикот на Икс, Илон Маск. Гардијан од 2013 година сигурно би го фалел Маск, ако за ништо друго, тогаш за објавување на Твитер фајловите кои открија како платформата била продолжена рака на американски владини агенции.
Уредничката порака на Гардијан ја открива нивната пристрасност уште од почетокот: ветуваат дека ќе ги истражуваат битните предизвици што ги носи 2025 година кои ги наведува поименично: „кризата на западната демократија, победата на Доналд Трамп и улогата на дигитални медиуми“.
Улогата на традиционалните медиуми - некогаш инстанци од доверба - во кризата на западната демократија нема да ја истражуваат.
Со цел да ја убеди својата публика во потребата од повеќе „регулација“ на социјалните платформи, написот го цитира Барак Обама кој ја промовираше апсурдната идеја дека за вистинска демократија е потребна некаква орвеловска централизирана база на податоци за дозволени вистини („заеднички резервоар на факти“). Во подобрите времиња, вакви позиции беа резервирани само за автократи.
Разбирливо што Доналд Трамп, а со него и Елон Маск, се оцрнуваат бидејќи се мешаат во тој „резервоар“ на претпочитани наративи, дозволувајќи слободен говор и плурализам на мислења.
Со оглед на тоа што Икс е единствената голема глобална социјална платформа која го дозволува тоа, јасно е дека кога Гардијан бара регулирање на „технолошките гиганти“, во суштина мисли на Икс (кој едвај да е технолошки гигант).
Не па дека Маск им останува должен:
Гардијан и другите поборници на „регулативата“ се обидуваат тоа да го споредат со забраната за екстремна порнографија и тероризам. Но, предложуваните закони за „онлајн безбедност“ се толку широки а дефинициите толку нејасни, што и тоа како има простор за загриженост за слободата на говорот.
Ќе напишат:
„Можноста за постоење цензура не значи дека секој напор за регулација ја заслужува таа етикета“.
Замислете оваа реченица да ја напишеше некој битен кинески или руски весник. Ќе имаше „ликберално“ пиштење и вриштење од овде до небото.