Во екот на децениската стагфлациска криза предизвикана од Ричард Никсон и Џими Картер, Њујорк се тетеравеше од растечкиот бран на криминал. Градоначалник беше Едвард Ирвинг Кох, демократ кој се опишуваше себеси како „либерал со разум“.
Во тој период, федералната влада го усвои Законот за бегалци што доведе до наплив од 125.000 Кубанци во САД. Голем број од овие бегалци беа криминалци од кубанските затвори, пуштени од Фидел Кастро и испратени до Флорида за да се олабави кубанскиот затворски систем.
Многу од тие насилни криминалци завршија во Њујорк, пречекани од американскиот имиграциски систем со раширени раце. А потоа државата Њујорк донесоа строги закони за оружје, што ги осакати граѓаните кои ги почитуваат законите да имаат оружје за да се заштитат (на оние другите тоа никогаш не им било проблем).
Особено метрото во Њујорк стана преопасно за нормален човек, а многумина немаа опции за алтернативен превоз. Ситуацијата беше толку лоша што и крадците беа ограбувани од други крадци.
Кога локалните власти го разоружаа населението, а потоа не обезбедија заштита за нив, луѓето ги презедоа работите во свои раце и формираа граѓански групи за обезбедување. Најпознати беа „Ангелите чувари“ кои фатија да обучуваат њујорчани на лична заштита и одвраќање напади.
Но, нивното присуство избледе до крајот на 1990-тите. Основачот на Ангелите, Кертис Слива, вели дека тие никогаш не биле толку потребни како во 2025 година. Со него се согласуваат многу њујорчани, пишува Њујорк пост.
„Денес, Њујорк е управуван од поекстремна сорта на либерали. Тие стануваат сè понепријателски настроени кон идејата за самоорганизирање на граѓаните и враќање на „одметниците“, пишува на ЗероХеџ. „Зошто? Затоа што левичарските влади се обидуваат да ги контролираат ресурсите, а безбедноста ја гледаат како ресурс. Ако луѓето сами си го обезбедат тој ресурс, населението може да сфати дека не им треба левичарската влада.“
Инаку, во 27 од 30-те најнасилни градови со најголеми стапки на убиства во САД, власта ја држат демократите.