Зелените мерки на британската влада ќе создадат 170.000 работни места... во Кина

Се работи за планот на Лабуристите до 2030 Британија да ја постигне границата од нула издувни гасови, а за тоа ќе требаат многу ветерници и фотоволтаици кои главно ќе се произведат во Кина.

Ториевците пресметале дека планот на владата за нула издувни гасови кој предвидува и затворање на сите електрани што не се на обновливи извори, ќе предизвикаат бум на увоз на турбини и колектори од Кина.

Моментално Кина доминира во производството на технологијата неопходна за исполнување на планот на Лабуристите, како по капацитети, така и по напредност во производство и технологија.

Процената е дека Британија ќе треба на копно да изгради ветерници со вкупен капацитет од 20 гигавати за да може да ги замени постојните електрани на фосилни горива.

Математиката на конзервативците е дека изградбата на ветерниците ќе создаде 105.000 работни места, од кои 32.000 ќе бидат во Кина, бидејќи земјата произведува две-третини од ветерниците низ светот.

Плус на ова се 72.000 работни места за поставувањето на соларни панели, од кои 57.000 ќе завршат во Кина, која произведува 80% од панелите во светот.

Границата од 170.000 нови работни места во Кина ќе биде постигната со третиот столб на програмата за нула загадување во Британија, кој предвидува масовна употреба на електрични возила, за кои Кина исто така е центар на глобалното производство, па се очекува британските нарачки таму да отворат 82.000 нови работни места.

Масовното користење на електрични возила според Конзервативците ќе значи испраќање милијарди фунти од даночните обврзници директно кај кинеските производители.

Претходно новиот британски премиер Кеир Стармер порача дека нула загадување агендата ќе отвори нови половина милион работни места во Британија и дека тоа ќе ја „создаде следната генерација на добри и високоплатени работни места.“

3 јануари 2025 - 13:53