Департментот наведува дека напливот на бездомници е резултат на недостатокот на достапни станови, порастот на мигрантите и природните катастрофи.
Првиот проблем е најголем. После децении недоволно градење, побарувачката за домови значително ја надмина понудата, што ги доведе цените на куќите на рекордно високо ниво.
Кредитирањето исто така остана упорно високо, иако Федералните резерви три пати во годината ги намалија каматните стапки.
Просечната 30-годишна фиксна стапка на хипотека e 6,85%, што е мало намалување од највисокото ниво од 7,22%.
И кириите растат: речиси половина од оние кои се под кирија, трошат повеќе од 30% од својот приход за таа ставка.
Во таков амбиент, како звучи „куќаре за 7.000 долари“?