Како пример за таквиот однос Вејдел го посочи уништувањето на Северниот тек, најголемиот случај на индустриски тероризам досега, за кој Германија не се осмели ни да зборува, не па да покрене истрага и да го најде виновникот.
Тоа ли е она што го сака Америка? Германија да стане колонија? Колонија која нема право сама да одредува своја енергетска политика? Држава која нема право да оди по својот пат, па каде тоа води? САД имаат право да кажат и да прават што сакаат, но тоа мора јавно да го кажат за да знаеме на што сме“, рече Вејдел.
Вели дека во последните 30 години Американците воделе многу војни - во Европа, на Блискиот исток - и секогаш од Германија се очекувало да помогне на барање на Вашингтон.
„Веќе нема потреба да се бориме, ние се простивме од историјата. Од тие причини и ја унаказивме нашата војска до непрепознатливост.“
Вајдел вели дека сега, кога Германија е дојдена до точка на апсолутна безначајност, некои нејзини политички лидери одеднаш во себе открија војнички жар и воинственост, невидена од крајот на последната светска војна. Со владина помош, тоа станува широко распространето лудило.
„Сето тоа се здивени сексуални фантазии на импотентни луѓе. Ќе ставиме крај на оваа фарса што побргу.“
Вајдел го артикулира чувството на Германците дека нивната земја треба да ги игнорира сопствените интереси за да не го загрози „европскиот проект“.
„Или ЕУ ќе научи да води сметка за нашите национални интереси или ќе престане да постои,“ порачува лидерката на партијата која наспроти медиумските хајки, постојано ја зголемува својата популарност.
***********
Види и: