Бернд Вогел, кандидатот на малата германска политичка партија, Бундис Дојчланд (Алијанса Германија), изминатиот период најотворено им пишувал на постовите на Икс на Онлифанс девојки коментари кои обично истите ги дочекуваат во приватни пораки.
Вогел целосно се повлекува и ја откажува својата кампања пред неколку дена, веднаш откако неговите постови излегоа во јавност.
Коментарите, кои сега се избришани, главно се однесуваат на атрибутите на девојките и што истиот би сакал да им прави.
Од Вогел се откажала и неговата партија, порачувајќи дека таквото однесување е директно спротивно од вредностите на партијата.
Тие побарале од него и јавно да се извини, што тој го прифатил, па на Икс меѓу другото пишува „Се извинувам за глупите постови.“