Кинескиот СЦМП пишува за случајот со мајка од Јужна Кина, на која зимските утра и станале премногу студени за да станува од кревет и во 6.30 да го носи детето во школо, па наместо тоа вика курир за испорака и по него го праќа.
Дел од родителите се воодушевени од ова решение бидејќи пакет си е пакет, па макар тоа било и сопствено дете, и тој секако ќе биде испорачан од курирот на крајна адреса.
По веста се отвораат и други родители кои изјавуваат дека веќе подолго време користат ваква услуга, објаснувајќи дека курирот со задоволство ја прифаќа „пратката“ па дури им пушта и слика дека го однел детето до училиште.
Друга родителка признава дека не е и било сеедно кога го пуштила детето по курир до училиште, ама па човекот завршил работа бидејќи во моментот ем врнело ем било гужва по улици.
СЦМП пишува и дека цената на кинеските курири е некаде од 1 до 3 долари за пратки кои се испорачуваат на дистанци до 5 километри.
На страна опасноста од предавање на детето на непознат човек и превозот со електричен скутер или мотор, оваа пракса воопшто не е во склад со кинеските закони кои на курирските сервиси не им дозволуваат транспорт на луѓе и тие воопшто немаат лиценца за истото. Казната за давање на „недозволени превозни услуги“ е суспензија и глоба до 14.000 долари.