Се поголем број Британци од демографијата од 18 до 27 години, генерално ген З, е поверојатно да платат мајстор за да им заврши најосновни работи по дома или околу колата, отколку сами да сработат што треба.
Една четвртина од британските ген 3 и миленијалци признале дека не би можеле да сменат ни таванска сијалица. Бонус, 20 проценти од нив изјавиле дека качување на скала може да биде „премногу опасно“.
Во истото британско истражување, секој пети ген З испитаник изјавил дека нема поим што е клуч, без разлика дали француски или не, а секој 10-ти би викнал професионалец за да им обеси слика.
Надвор од дома 57% од ген 3 не знаат да напумпаат автомобилска гума, а далеку помалку знаат да сменат бришач.
Експерти објаснуваат дека дел од вината за ова паѓа на родителите кои едноставно престанале да ги учат своите деца на најосновни мајсторски вештини.