Трамп го одложи решавањето на Украина

Од ветуваните 24-часа по стапување на функција, сега Трамп, се уште не инаугуриран, зборува за период од 6 месеци за ставање крај на војната во Украина.

Ваквата промена на роковите ЕУ партнерите на Трамп ја толкуваат како поддршка за Киев од идната американска администрација и дека таа нема инстантно да ја напушти Украина.

Новата постава на Белата куќа исто така не сака нејзиното решавање на Украина да потсетува или да биде споредувано со катастрофалниот крај на американската окупација на Авганистан.

Трамп неодамна изјави дека 6 месеци е пореалистичен рок, а неговиот кандидат за специјален пратеник за Украина, Кит Келог, порача дека намерата е конфликтот да се запре во следните 100 дена.

Дури и да се одложи рокот, и во новата администрација речиси и да не постои намера за исполнување на барањето на Зеленски за зачленување на Украина во НАТО.

15 јануари 2025 - 13:14