
Откако во ноември не успеаа преговорите за купување на цел Капри холдингс, компанијата почна да размислува за продавање на своите брендови поединечно. Наводно Капри работи со Барклејс, а Прада со Сити, околу потенцијалното купување на брендот Версаче.
Минатата фискална година Версаче донесе речиси една петина од сите приходи на Капри, или некои си 1 милијарда долари од 5,2 милијарди.
Во ноември Капри објави поголем пад на кварталниот приход од очекуваното, како последица на пропусти во продажба и глобално намалување на побарувачката на луксузни производи.