Капак на асоцијациите е слоганот: „Париз, ние доаѓаме денес“.
И да биле добронамерни, не е можно никому да не му текне како на Запад една ваква пакистанска авио реклама ќе биде перцепирана.
Омар Кураиши, пакистански експерт за односи со јавност и поранешен советник на политичарот Билавал Буто Зардари, пиша:
„Дали идиотот што ја дизајнирал оваа графика не виде авион на ПИА што се движи кон Ајфеловата кула? Една од иконите на Европа. Зарем не знаат за трагедијата од 11 септември - во која се користеа авиони за рушење згради? Зарем не сфатија дека ова ќе биде доживеано на сличен начин?
Ограничувањата за ПИА беа воведени пред четири години откако нивен авион се урна во Карачи, при што загинаа 97 луѓе. Истрагата покажа дека несреќата била предизвикана од грешка на пилотот и дека речиси една третина од пакистанските пилоти имале лажни дозволи или мамеле на испити.
Во 2017 година, ПИА беше под лупа откако призна дека преполнила лет и дозволила седум дополнителни патници да летаат стоејќи како во автобус. Авиокомпанијата исто така беше исмејувана откако на интернет се појавија слики од персоналот како жртвуваат коза покрај авионот непосредно пред негово полетување. За да ги следи среќа. Тоа се случи по нивна несреќа во која загинаа 47 луѓе во 2016 година.
Пакистанскиот премиер Шахбаз (хихи) Шариф, рече дека подигнувањето на забраната ќе го подобри имиџот на компанијата.
Фино им тргна.