Вести

Русија не сака војна со Европа

Москва нема за цел да ја тестира отпорноста на НАТО, туку да ѝ наметне трошоци на Европа, онака како што оваа прокси војна во Украина ја чини неа. Многумина во Европа гледаат на дијалогот со Москва како награда. Но, ниту Европа ниту Русија не можат да си дозволат повеќе војна во моментов.

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Одлуката на Мета да се согласи на спогодба вредна 18 милијарди долари ги изненади и правните експерти и технолошката индустрија. Се очекуваше долга судска конфронтација меѓу 29 американски федерални држави и еден од најмоќните технолошки гиганти во светот, но Закерберг реши да се фати за џеб, само неколку дена пред да треба да сведочи.

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Речник

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Нема заштита од Мекафи

Ова најдобро би можел да го посведочи извесен Грегори Фаул да не беше најден од полицијата од Белизе како лежи во локва крв со прострелна рана во главата. Првоосомничен за убиството е пионерот на компјутерските антивируси, Џон Мекафи.

6 работи после изборите

Обама речиси и да не се подготвувал за првата дебата, а Ромни толку бил уверен дека ќе победи што потрошил 25.000 долари на огномет за победата. Има уште.

Франсоврска

Франсоа Оланд ги мава Французите онаму каде што, после паричникот, најмногу ги боли. По модното его. Човекот едноставно не знае да врзе вратоврска.

Спортот, господар на телевизијата

Најскапоцениот медиум на светот не е ниту CNN, ниту NBC, ниту Фокс, ниту пак британски BBC. Престолот неприкосновено го држи ESPN.

Кој да ги советува советниците?

Компанијата која добиваше 250.000 долари месечно за да го поправи имиџот на Гадафи во светот, само што доби решение за банкрот, речиси една година по смртта на нивниот клиент.

И докторите ги мразат дебелите

Без разлика што детално ги познаваат сите причини и околности за дебелеење, докторите имаат подеднакви предрасуди кон дебелите луѓе како и остатокот од јавноста.

Рамковен договор меѓу Епл и ХТЦ

По 32 месеца ровоски судски битки, американскиот Епл и тајванскиот производител на смартфони ХТЦ склучија 10 годишен пакт за ненапаѓање.

Трпение, спасение

 Дури и во моментов да немате 140 квоциент на интелигенција колку што бара македонското министерство за здравство, потребно е само време за да го исполните условот. Дали знаете дека на секои 10 години, просечниот IQ се покачува за 3 поени?

Како живее еден брачен кревет?

Брачен кревет во Велика Британија просечно трае една деценија. И во тој десетгодишен живот гледа повеќе Фејсбук и Твитер отколку секс.

Германските Мили Ванили?

Со децении германскиот фолк состав Kastelruther Spatzen е убер позната фолк група која редовно жнее награди и прави тиражи за кои поп ѕвездите од земјата можат само да сонуваат. Нивниот некогашен продуцент сега тврди дека сето тоа е фејк.

Пренаточканост

Холандија има 17 милиони луѓе. И тоа не е никаков проблем. Проблем е што тие 17 милиони луѓе имаат 18 милиони велосипеди.

Веќе никој не краде "на жичка"

Во историјата заминува кражбата на автомобили, која, благодарејќи на филмовите, ја замислуваме како стандардна. Лопужите во меѓувреме се досетиле дека автомобил најлесно се пали со - клуч.

Бугарски села сакаат во Грција

Бугарите отсекогаш во историјата имале чудна смисла за политичка проценка. Незадоволни од економската ситуација во својата земја, селаните од две бугарски села сакаат да се припојат кон - Грција. Алал вера како го убодеа решението. На Фејсбук ни пишаа: Македонци земаат бугарски пасоши, Бугари се прават Грци а Грците мислат дека се Македонци :)

Семејство Шодае

Од "го земам презимето", преку "ќе го додадам неговото" и "ќе го задржам само моето," сега стигнавме до - "ќе ги смешаме двете презимиња".

Авиони на стоење

Појасите на авионските седишта се бескорисни а и онака нема да ги спасат патниците во случај на несреќа, порачал првиот човек на Рајан ер, кој се обидува да ги воведе летовите на стоење.

Или брзо или точно, бирај

Невролозите открија дека човековиот мозок може да донесе брзи одлуки и прецизни одлуки, само не во исто време.

Кога бакарот ќе удри на религија

Во Авганистан повторно ќе се руши еден будистички храм (над 2.000 години стар), само овој пат не од Талибанци туку од Кинези. И тоа за 100 милијарди долари.

Кој го донесе клучот за победата на Обама?

Аналитичарите деновиве на ангро мозгаат што беше пресуден фактор за победата на Обама: прецизната демографска стратегија, тајмингот на Сенди, бизнис профилот на Ромни.... Имаме два збора за нив: Нурсултан Назарбаев.

Дали сте доволно маж да носите шарени чорапи?

Мажите архетипски се ловци, постојано подготвени за предизвик и опасност. Но, бидејќи одамна се припитомени, им останува сосема мал простор да ја покажат оваа органска дивина. Всушност, тој мал простор се сведува на глуждовите на нозете.

Излегување од 40.000 фунти

Официјално, објаснувањето зошто еден лондонски брокер потрошил 40.000 фунти (свои пари, ништо спорно) во еден бар во Лондон е - да го импресионира Бенисио Дел Торо. Неофицијално - никој не може да има објаснување за сметка до 40.000 фунти.

Битката за Москва, 70 години подоцна

На 7-ми ноември 1941-ва, додека Нацистите се на само 30 километри од Москва, во градот во исто време руската армија одржува парада пред да се упати кон фронтот. Ова се смета за моментот кога Германија ја губи војната во Советскиот сојуз, а со тоа и во остатокот од светот. Годинава беше 71-годишнината од парадата. Русите не заборавија.

Почнува конгресот за промена на Кина

Додека во Америка продолжи владеењето на Обама, во Кина се случува најголемата промена на власт во изминатите десетина година. Целиот настан е концентриран во Пекинг, и во основа изгледа како Олимпијада на Комунистичката партија.

Дали се исплати да учиш факултет?

Ако се земе во предвид платата што ја "гарантира," факултетот е се помалку исплатлива инвестиција. Отприлика една петина помалку од пред 10 години.

Каде сè гласаат Американците?

Продавници, казина, берберници, мртовечници, дури и приватни домови. Ѕирнете на кои сè места Американците имаат можност да гласаат.