Цранчa и Браштен се викаат селата за чија желба да се отцепат од матичната Бугарија и да се припојат кон Грција пишува француски Фигаро.
Сместени се на Родопите, на природната граница меѓу двете земји, бројат 600 и 800 жители и доставиле писмено барање да станат дел од грчите општини Драма или Кавала. Во Бугарија веќе не веруваат.
Еден селанец на репортерот на францускиот весник му рекол дека сакаат да се припојат кон Грција бидејќи "во таа земја се почитуваат селаните". Дополнително објаснување не е дал.
Главен проблем на овие луѓе им е земјиштетото кое го обработуваат а чија сопственост не можат да ја докажат бидејќи тапиите се изгубени во комунистичкиот систем.
Грчкиот портал news247 пренесува дека во многу села во јужна Бугарија живеат Саракацани (Каракачани), главно овчари кои ги негуваат грчките културни и верски обичаи.
И во Босна постои една општина која изрази желба да се припои кон Црна Гора.