Во документите за банкрот престижната Монитор Груп, навела дека има имот од приближно 202 милиони долари а задолжување од 200 милиони долари и меѓу 1.000 и 5.000 кредитори. Монитор не беше во можност да ја плати киријата за своето седиште во Кембриџ, Масачусетс, за септември и октомври.
Банкротот на компанијата, следува откако во 2011-та, признаа дека Гадафи им бил клиент (за 250.000 долари месечно) од 2006-та до 2008-ма. Во ова време тие работеле на "Проектот за подобрување на профилот на Либија и Муамер Гадафи". Меѓу останатите работи ова вклучувало советување на Гадафи да оформи Национален совет за безбедност, пишување на 22-страни долг предлог за негова биографи и помош за неговиот син во пишувањето докторската теза во LSE.
Иако не е забрането да се има лоши клиенти, моментот каде што згрешил Монитор е тоа што не го пријавиле своето работење во Либија, што е задолжително според американските закони.
Врската меѓу Монитор и Гадафи ја открива магазинот Мадер Џоунс во март 2011-та. Компанијата не е обвинета за ова и подоцна ретроактивно ја пријавува целата своја работа во Либија, но од Монитор признаваат дека целата работа била "голема грешка."
"Ова е комплетна трагедија бидејќи Монитор беше доста угледна фирма. Дополнителен срам е проблемот што Монитор сега го има е ист тип на проблеми, за кои беше најмуван да ги решава за своите клиенти. Главната бизнис причина зошто им се случи ова е нивното порекнување на проблемот. Идејата дека не е можно тие да пропаднат," објаснува авторот на The Recession-Proof Business и советник за менаџмент консултантски услуги, Виктор Ченг.
Комплетниот имот и клиентите на престижната Монитор Груп, ќе бидат превземени од Делоит Консалтинг.