Многу детали од приказната се нејасни. "Гизмодо" кој прв јави за веста тврди дека Мекафи и локално популарниот билдер со американско потекло во последно време биле во постојaни расправии. Пред една недела Фаул и го пријавил Мекафи во полицијата за насилно однесување и употрeба на огнено оружје. Велат, последната нивна кавга вклучувала и кучиња.
Мекафи во последно време се помалку се дружел со Американците од Белизе и често бил гледан во друштво на најтешките криминалци од таа земја.
Најверојатна причина за неговото застранување е озлогласената халуциногена дрога Bath Salt, од која јавно се одушевувал и најавувал дека работи на прочистување на нејзините психотропни елементи.
На еден руски форум, само во последните 9 месеци, Мекафи во преку 200 наврати има пишувано за оваа своја намера.