Во земјата во која не постои космичко случување кое не се поврзува со ликот и делото на саканиот водач, беше само прашање кој ќе ја линкува втората претседателска победа на Барак Обама со премудриот лидер на татковината Нурсултан Назарбаев.
Тоа го стори еден од водечките весници во земјата кој во својата анализа утврди дека Обама за вторриот мандат може да и заблагодари на амајлијата која ја доби од Назарбаев.
Се работи за традиционалниот казахстански тумар, амајлија која носи среќа и обично им се дава на деца на раѓање.
Кожната амајлија со цитати од Коранот Обама ја доби од Назарбаев во март годинава, за време на самитот за нуклеарна безбедност во Сеул.
Се претпоставува дека останатите светски државници кои следнава година ги чекаат избори веќе прават нарачки за казахстанскиот тумар.