Склучениот договор подразбира стопирање на сите судски процеси меѓу овие две компании и 10 годишен договор за користење лиценци.
Иако деталите не се познати, извори во индустријата сметаат дека ХТЦ се согласил да плаќа меѓу 5 и 20 долари за секој продаден Андроид смартфон за да може да ги користи патентираните решенија на Епл.
Компаниите меѓусебно се тужеа цели 32 месеца на разни инстанци во Европа и САД, првенствено пред Меѓународната комисија за трговија која го контролира увозот на стоки во САД. Лани Епл успеа привремено да го стопира влезот на ХТЦ на американскиот пазар и да ја задуши неговата продажба.
Експертите велат дека овој договор го означува крајот на тнр војна за патенти меѓу производителите на телефони, која ја започна Моторола во 2007-мата а една од најпознатите битки заврши со репарации од една милијарда долари кои Самсунг треба да ги исплати на Епл.
Договорот е сигнал и дека Епл под водство на Тим Кук е далеку помалку воинствен отколку во епохата на Стив Џобс кој своевремено најави термонуклерна војна против Андроид.
ХТЦ уверуваат дека паушалот кој ќе го исплаќа на Епл за секое парче паметен мобилен нема да се одрази врз профитабилноста на компанијата. Ескпертите не се толку сигурно во тоа бидејќи најголемите приходи доаѓаат од моделите во ценовен ранг од 75 до 100 долари. Ако во таа цена се вградат 20-те долари за Епл, прашање е колку маргина останува за ХТЦ.